КРЕВАЊЕ НА ВРАТИЛО (ЗГИБОВИ) ЗАД ГЛАВА (WIDE-GRIP PULL-UP BEHIND THE HEAD)

Мускули на кои примарно делува: Сите категории на грбните мускули (горниот дел).
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбата: рамена (заден дел).
Кога се прави оваа вежба? – Во првичната фаза од тренингот на грб.
Оваа вежба во суштина е многу слична со вежбата влечење на лат машина со таа разлика што обезбедува отпорност со сопствената тежина.
Со натфат фатете се на вратило, односно на шипка со зафат од околу 80 см.
Целосно испружете ги лактите така да вашето тело слободно виси. Колената благо свиткајте ги.
Подигнете се со рацете кон вратилото (шипката) не ја допирајте со горниот дел на грбот односно со трапезиусот.
Во оваа позиција исправете се колку што е можно повеќе и затегнете го грбот. Полека спуштете се до стартната позиција.
Оваа вежба е доста тешка, бидејќи се изведува со сопствената телесна тежина и почетниците најверојатно нема да бидат во можност да направат поголем број на повторувања, а напредните вежбачи ако дополнително сакаат да го зголемат интензитетот на вежбањето може да обесат додатна плоча на ремен окулу половината.