Леб и житарики за појадок – темел на здравата исхрана!

И најголемите противници на “птичјата” храна го положија своето оружје! Житариците се најефтиниот извор на енергија за поголемиот дел од светската популација. Храната на село просечно е 7 пати побогата со влакнеста структура од храната во градовите!
Според тоа, ако се земе во обзир фактот дека 2/3 од човештвото се храни првенствено со житарици и ориз, јасно е дека не треба никого посебно да се уверува како времето на вегетаријанството тек доаѓа на сцена.
Ако на тоа се додаде дека баш житариците се темел на здравата исхрана, што е официјално прифатено преку дефиниција.
Правилата за пирамида, а месото од една страна и млекото од друга страна индиректно се обвинети за долгорочно нарушување на здравјето, јасно е кој правец треба да се заземе како би се сочувало здравјето и превентивно би спречиле многу болести.
Меѓутоа, правилата се едно, а вкоренетите прехрамбени навики на луѓето- друго!
Правилото на Пирамидата веќе никој не ја гледа!
Иако владее правилото на пирамидата кое е усвоено во 1993 година од страна на УСДА со голема стручна полемика, иако се потрошени значајни средства за медиумски кампањи во врска со поврзаноста на храната и здравјето, останува фактот дека во тоа правило единствено лебот, тестенините, житариците за појадок, оризот и други житни производи можат да се јадат неограничено, а останатите 4 групи се лимитирани со број на оброци или количина на дневен внес.
Зошто? За покривање на оптимално дневните потреби со хранливи состојки, вклучувајќи ги неопходните влакна од една страна и смален внес на црвено месо, месни производи, млеко и млечни производи од друга страна.
Овој пресврт према вегетаријанство поминало скоро незабележливо, но први позитивни последици веќе се наѕираат.
Со намалувањето на црвеното месо, зголемениот внес на риба и месото од живина, довеле до трендови за здрава исхрана кај американската, но и светската популација, кои вистинските плодови ќе ги донесе подоцна.
Медитеранската исхрана која постојано и се повеќе се заговара како прототип на здравата исхрана, која е само една од варијантите на истата тема.
Има многу причини зошто целиот свет конзумира житарици, а многу и преживуваат исклучиво на житните производи поради кои овие намирници го добиле надимакот “храна за преживување”.
Човекот пред 10000 години научил да одгледува житарици и да произведува брашно, а покрај малку вода ете го наједноставната намирница која “живот значи”.
Просејувањето на брашното донело до деградација на конечниот производ- лебот, бидејќи со одвојувањето се губи голем дел од хранливите материи, особено витамините.
Кои се нутритивните и здравствените аспекти на прехраната со житарици?
Ако погледнете “шведска” маса за појадок во нашите хотели, каде што до неодамна се вареле или пржеле јајца со сланина, ќе видите дека доминираат разни врсти на житарици за појадок и дека преку нив се става јогурт, млеко или какао.
Веќе воопшто и не се сервира бел леб па ни бело пециво.
Преовладуваат намирници на база на полно зрно жито, мешан или пченкарен леб, пециво со семки, леб со соја и разни други комбинации (уште немаме научено да правиме тортиљи) укажуваат на значајни промени во утриската исхрана.
Се намалува внесот на калории, а се зголемува внесот на влакнестата структура. Исто така се намалува внесот на холестерол и заситени масти, значи оние фактори кои директно се во врска со болестите на циркуларниот систем.
Житариците, покрај останатото, се и значаен донатор на комплексни јагленихидрати кои во метаболизмот служат како транспортери за енергија; така спортиситите пред натпреварување не земаат глукоза или масти, туку шпагети!
Навистина, има уште предрасуди како на пример онаа за јагленохидратите кои дебелеат, и покрај тоа обвиненијата се однесуваат всушност на мастите кои се наоѓаат сокриени во житните производи.
На пример, додека обичното пециво содржи 2% масти, омилениот кроасант содржи дури 12% масти. Ако паралелно со појадокот се изедат 3 такви вкусни парчиња се добива околу 500 ккал!
Житариците покрај зеленчукот, се најголеми носители на драгоцената влакнеста структура која значи живот.
Поточно, современата рафинирана “урбана” храна е лишена од тој баланс, што се одразува во порастот на различни заболувања, вклучувајќи го и ракот на дебелото црево.
Триците, кои некогаш биле отсранувани при просејувањето на брашното, сега се враќаат назад, а од нив се припремаат и диетски препарати за регулирање на варењето на храната.
Пченкарните снегулки со и без додатоци, конечно се здобија со право на државјанство, па така и последните противници на “птичјата” храна го положија своето оружје.
Многу мајки на децата покрај млеко, наместо леб додаваат житни снегулки. Тоа изгледа е многу позанимливо од класичните “парчиња” леб и намаз.
Се говори дека постепено расте свеста за тоа како треба да пазиме на она што и како се внесува во организмот, како да ја зачуваме телесната тежина и добриот изглед.
Покрај обемните делови на зрното пченица или пченка содржи драгоцени никулци, која е идна замена на новиот живот богат со масла и витамини, особено Е витаминот.
Никулецот е една од причините за употреба на брашното со полно зрно; истовремено тие никулци се сировини за разни препарати на кои се препишуваат и лековити делувања.
Врвните спортисти на пример, често користат масло од пченични никулци како природен извор на витаминот Е.
Маслото од пченкарните никулци е високо вреден производ кој се препорачува особено за салати.
Пченичното зрно изобилува со цинк и други минерали, но по начинот на просејување зависи колку цинк ќе биде апсорбирано.
Имено, во надворешниот слој на триците постои фитинска киселина која на себе врзува минерали; ако тој дел остане и влезе во брашното, остатокот искористливи минерали ќе биде редуциран.
Ако во дневната исхрана се комбинира млеко, житарици, зеленчук и овошје, се задоволува најголемиот дел од дневните потреби за хранливи материи; калциум од млекото, комплекс Б витамини од житариците, влакна од житариците и од овошјето витамин Ц.
Ако 2 пати неделно се додаде риба и понекое јајце, добивате рецепт за здрава храна.