Лимон – Извор на здравје и убавина

Медитеранско овошје кое често се нарекува “лек за се”.
Лимонот е плод од фамилијата агруми, култивиран од пред милениуми на подрачјето на Азија откаде пристигнал во Европа, поточно во античка Грција.
Имено, старите Грци се запознале со ова овошје благодарение на македонскиот крал Александар Македонски кој го донел од Персија.
Токму поради тоа грците му го дале името персиска јаболка, но и потеклото на зборот лимон е од персиско потекло на зборот Лиму.
Од Грција лимонот отпатувал до Римското Царство каде станал толку популарен што за време на воените походи бил задолжителен додаток и на тој начин се раширил низ останатите медитерански земји вклучувајќи ја Шпанија, од каде пак преку атлантикот бил донесен до американското копно со бродовите предводени од Колумбо.
Денес, Калифорниjа и останатите држави на западниот брег на САД се вбројуваат меѓу најголемите одгледувачи на аргум.
Исто така, благодарение на сончевата медитеранска клима, хрватското приморје изобилува со овој плод пребогат со витамини и минерали, пишува Випнет.
Бидејќи витаминот Ц игра важна улога во производството на колаген, можеби секојдневната доза од овој витамин од агрумот е задолжен за високиот животен век на далматинците.
Лимонот отсекогаш се користел во многубројни цели, па така благородничките во дворот на францускиот крал Луј 14 го користеле за подобрување на изгледот на нивните усни, а и денес е популарна состојка во природната козметика.
Во ароматерапијата, етеричното масло добиено од неговата кора се употребува за расположение и концентрација при работа, односно за издржување на напор.
За добивање на еден литар на етерично масло потребно е отприлика околу 3000 лимони.
Следат два начина на примена на благодетта од ароматерапијата:
1. Ставете 5 капки лимоново масло во арома лампа сад со вода.
Топлината од светилката ќе ја загрева мешавината со вода и лимоново масло која постепено ќе испарува и притоа во просторијата ќе се шири исклучително пријатен мирис.
2. Во зимскиот период, наместо мирисна светилка и обичен сад со вода може да послужи во кој капнуваме 5 капки лимоново масло, кој потоа се става на загреан радијатор или грејно тело.
Ќе добиеме ист резултат како во претходниот случај.
Лимонот е познат како ”лек за се”, бидејќи и неговата кора и сок се богат извор на антиоксиданси како витамин Ц и флавоноиди кои ги штитат клетките од стареење, инфекции и многу здравствени проблеми, а освен тоа содржат и минерали како калиум, калциум, магнезиум и железо.
Сокот се користи за правење на одличен освежувачки пијалок чие консумирање е препорачливо секое утро пред јадењето, а при лекување на прелада или грип помага ако пиеме сок од лимон со млака вода на секои два часа.
Во кулинарството сокот од лимон се користи, помеѓу останатото, како замена за оцет во мариниран зеленчук, риба и бело месо бидејќи ја омекнува храната која притоа не го менува мирисот.
Кората од лимон ја збогатува аромата на многу солени и слатки рецепти, а се употребува и при изработка на ликери и многу познати пијалоци како италијанскиот ликер – ЛИМОНЧЕЛО (Limoncello).