Ловоров лист – зачин или лек?

Ловор или ловоров лист е зимзелена грмушка, која може да порасне и до неколку метри во височина. Се вели дека е дива а потоа е чувана билка.
Ловорот може да живее повеќе од сто години. Почнува да цути во март, а за лекови се користи и листот и плодот.
За многумина е познат како зачин и неговите лисјата се додаток на храна и го подобрува вкусот и го олеснува варењето на храната.
Ловоровото масло се користи исклучиво за медицински цели.
Маст против реума
Направете каша од 20 грама плодови од ловор и да ги сварите 15 минути во вода (еден литар вода).
Добиената течност исцедете ја и оставете ја да се излади.
Од површина соберете го ловоровото масло и измешајте го со лажичка маст (може да купите во продавница или маркет).
Кога сето ова добро ќе го измешате, ставете го во стаклен сад. Мачкајте по потреба.
Чај против кашлица
Сварете 3 дл вода со две лажици шеќер, а потоа додадете 4 грама жалфија и 2 грама на фино мелен ловоров лист.
Оставете го да проврие уште еднаш. Процедете и пијте три пати на ден по една лажица. Оваа комбинација ќе ви помогне да ја победите на кашлица.
Познато е дека го поттикнува искашлувањето и ги победува грипот и настинката.
Сувите ловорови листови треба да бидат цели и маслинесто зелена боја. Ако се кафеави, тогаш го изгубиле вкусот.
Сипете го во добро затворен сад и на темно место, ловоровиот лист може да го чувате повеќе од две години.