ЛУБЕНИЦА ДЕТОКС ДИЕТА – ИСЧИСТЕТЕ ГО ВАШЕТО ТЕЛО И ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ

Лубеницата е многу позната намирница кога станува збор за диета. Покрај тоа, што го помага чистењето на телото, таа помага и да се ослободитер од вишокот килограми.
Исто така, многу позитивно влијае врз здравјето и е богата со витамини па многу нутриционисти ја препорачуваат и поради превентива но и ако сакате да го отстраните салото и да го исчистите организмот.
Ова е програма за чистење на телото “Лубеница Детокс”:
Појадокот секој ден е речиси идентичен, можете да направите мали промени: парче лубеница, во зависност од вашите желби и потреби, Ви препорачуваме околу 300 гр.
Покрај тоа, земете слободно една чаша чај или јогурт, кафе да се избегне.
1 ДЕН
Ручек: 100 гр варено говедско месо, 100 грама варен ориз и парче лубеница.
Вечера: 50 грама немасно сирење и парче интегрален леб.
2 ДЕН
Ручек: 100 гр пилешко месо и парче лубеница.
Вечера: 100 гр риба по избор (препорачуваме ослич), интегрален леб и зеленчук по ваш избор.
3 ДЕН
Ручек: 100 гр шпагети со сирење и домати и парче лубеница.
Вечера: салата од зеленчук по ваш избор, 50 гр безмасно сирење и парче лубеница.
4 ДЕН
Ручек: супа од зеленчук, интегрален леб, 100 грама пилешко месо и парче лубеница.
Вечера: 2 варени компири, зеленчук салата и парче лубеница.
5 ДЕН
Ручек: 100 гр варено говедско месо со печурки, интегрален леб и парче лубеница.
Вечера: 50 грама безмасно сирење, интегрален леб и парче лубеница.
Ова е пет-дневна диета за чистење на телото, по овие пет дена, во следните пет дена, запрете ја оваа диета за да можете пак да продолжите и по истек на тој период.
Не очекувајте да симнете голем број на килограми, оваа диета е наменета пред се за неутрализирање на токсините и штетните материи од телото, а потоа за регулирањето на телесната тежина.
За време на оваа диета обидетесе да внесувате многу течности, особено вода, најмалку 2 л дневно.
Исто така и сок од лубеница кој е многу здрав, па слободно пробајте го овој рецепт.
СОК ОД ЛУБЕНИЦА
Ќе ви треба:
Парче лубеница 300 гр
250 мл вода, мед
Подготовка:
Лубеницата исечете ја на парчиња, исчистетеја од семките и помешајте ја со вода. Засладете со мед по вкус.