МАГИЧНА НАПИВКА КОЈА ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ?

Корегирана исхрана и соодветно дозирана физичка активност е „клучот“ за постигнување и одржување на саканата тежина и убаво, дефинирано тело. Мислам дека сите некаде знаеме дека не постои „магична напивка“ која ќе ни донесе резултати со помал труд. Она што го имаме е мала помош од природата . Чаевите и овошјето, во форма на пијалоци, со додавање на мед, цимет или јаболков оцет, можат да влијаат на побрзата размена на метаболички производи, исфрлањето на токсините и вишокот течности. Ќе изгледате поздраво, хидрирано и ќе се чувствувате подобро во сопствената кожа.
За какви комбинации зборуваме и зошто заслужуваат внимание?
За да може нашето тело да ги одржува физиолошките норми, потребно е добро да се хидрира. Добрата хидратација значи консумирање најмалку 1,5 литри вода дневно. Во водата може да се додаде свежо исцеден лимон и по желба цимет, ѓумбир или мед. Комбинацијата од вода и лимон не само што освежува, туку и дава енергија, добро варење, а на долг рок и силен имунитет. Тоа е корисно за здравјето на нервниот систем. Според некои студии, агрумите и нивните екстракти имаат антиканцероген потенцијал.
Зелениот и црниот чај со години се омилени пијалоци на источните народи. Тие се направени од исто растение – Camellia sinensis , и се обработуваат различно, што е поврзано и со поголемата концентрација на кофеин во црниот чај. Црниот чај го намалува кортизолот и му помага на телото побрзо да се опорави од стресот. Зелениот чај има значителен антиоксидативен потенцијал, влијае на имунолошкиот систем, го забавува стареењето. Исто така, го намалува апетитот, го забрзува метаболизмот и го детоксицира телото. Еден одличен пијалок вклучува зелен чај, ловоров лист и цимет. Три ловорови листови, половина лажичка цимет во прав и една лажица зелен чај се додаваат во литар зовриена вода.
Грејпфрутот содржи висока концентрација на витамини (особено Ц, потоа А, Б, Е, К). Богат е со минерали (магнезиум, фолна киселина, фосфор), есенцијални масла, микроелементи, пигменти, органски киселини. Здравствените придобивки од грејпфрутот се многубројни, вклучувајќи ги и заштитните кардиоваскуларни и антиканцерогени ефекти. Се смета дека свежо исцедениот сок од грејпфрут има антивирусни својства. Грејпфрутот содржи многу влакна, вода и е нискокалоричен. Има низок гликемиски индекс и подолго ве одржува сити. Често се препорачува комбинација со зелен чај поради синергизмот на фитонутриенти. Исто така, интересен пијалок ги содржи следните состојки измешани заедно: 1 лажичка мед, 2 лажички јаболков оцет и 1 шолја свежо цеден сок од грејпфрут. Се пие после оброк.
Комбинацијата на мед и цимет е позната уште од времето на традиционалната кинеска медицина, а ја користеле и старите Грци, Римјани и Египќани. Обезбедува двојни дози на минералите калциум, железо, магнезиум, цинк и фосфор. Исто така, и двете содржат витамин Ц, Б6, фолна киселина. Здравствените придобивки се првенствено во улогата на стимулирање на имунолошкиот систем и регулирање на дигестивниот процес. Циметот и медот ги регулираат навиките во исхраната, накратко – ја намалуваат желбата за храна и го забрзуваат метаболизмот. Освен цимет, може да се комбинира и ѓумбир или лимон. За подготовка на напитокот се користат две мери мед и една цимет (пр. 2 лажички мед и 1 лажичка цимет). Врз циметот се прелива зовриена вода, а кога напивката малку ќе се олади се додава мед. Се пие пред јадење.
Јаболков оцете исто така популарен, можеби не толку популарен како претходниот, но во однос на здравствената важност, вреди да се истакнат неговите придобивки. Оцетната киселина влијае на варењето на протеините кои се важни во изградбата и функционирањето на хормонот за раст, кој е важен за нашиот базален метаболизам. Во разградувањето на мастите учествува и бета-каротинот. Оцетот секогаш се пие разреден со вода или други течности, освен со газирани пијалоци и млеко. Може да се конзумира со мед (2 лажички оцет, една лажичка мед), зелен чај (додадете 1 лажичка оцет во шолја сварен чај) или природни овошни сокови (лимон). Циметот како добар регулатор на инсулин го одржува телото сито подолго, па често се комбинира со јаболков оцет (1/2 лажичка цимет се вари во вода, кога ќе се олади се додава една лажичка јаболков оцет. По вкус , можете да додадете и малку мед).