Маскарата за очи менувајте ја на секој 3 месеци

Можеби не сте знаеле, но ако ja користите истaта маскара подолго од три месеци, а несоодветно ја чувате, можете да добиете многу сериозни инфекции на окото.
И самите производители предупредуваат дека рокот на траење од маскарата е до три месеци.
Но, сепак голем жени подолго ја користат маскарат, игнорирајќи го фактот дека може да биде плодна почва за голем број на микроорганизми.
Американските научници тестираат голем број примероци на маскари од различни производители и заклучиле дека 33% од анкетираните производи содржеле бактерии и тоа во голем број од нив биле пронајдени стафилококи, стрептококи и габи.
Сите маскари содржат супстанца која, како што е соопштено на етикетите, три месеци го спречува ширењето на бактериите.
По истек на овој период маскарата не е веќе безбедна за да се користи, а понекогаш дури и е пократок временскиот период.
Разликата е голема, ако маскарата се чува при ниски температури а претежно дами ги чуваат во чантите и несесерите, каде заштитниот материјал полесно се топи, дозволувајќи им на бактериите да се размножуваат побрзо.
Ова се некои основни правила за чување и употреба на маскара:
– Чувајте ја на ладно и суво место, дури и во фрижидер, а потоа во фиока во соба која не е премногу изложена на бактерии.
– Менувајте ја на секој 3 месеци дури и целата да не сте ја потрошиле.
– Не ставај те повеќе од 2 слоја маскара на вашите трепавици.
На тој начин може да ги затворите лојните жлезди на окото и рабовите на очните капаци.
– Никогаш на ставај те маскара во вашиот автомобил.
Офталмолозите тврдат дека во нивните ординации доаѓаат жени со тешки инфекции на очите и повреди на рожницата на окото, како резулата на обид да се нашминкаат додека возат.