Мед – тајна сласт

Многу е сладок и се произведува во селските домаќинства, врвните кувари се повеќе го користат во рестораните и моќе да се најде на рафтовите во сите поголеми маркети, а науката и медицината одамна го признаваат за корисен во бројни случаеви.
Станува збор за домашен мед кој се собира рачно во мали количини и има интензивна арома.
Индустрискиот мед за разлика од домашниот, се произведува на големи фарми за пчели и во подготовката најчесто се меша мед од различни пасишта, се филтрира и се пастеризира на високи температури.
Бидејќи вкусот, бојата и текстурата на домашниот мед зависат од сезоната и местото на пасиштето, а не од адитивите или начинот на производство, природниот мед е многу повеќе ценет.
Воедно, медот е еден од ретките целосно природно произведени продукти.
Затоа не е чудно што неговата цена знае да биде и до 3 пати повисока од цената на индустрискиот мед и неговото производство не е количински изедначено.
А врвните кувари и гурмани се повеќе го бараат.
Сите здравствени наоди за медот укажуваат се најдобро. Некогаш нутриционистите медот го поврзувале со шеќерот и сметале дека единствена разлика е повисоката калориска вредност на медот ( една лажичка – околу 64 калории).
Меѓутоа, денес се знае дека медот е особено здрав. Тој е непрекинат извор на енергија, а докажано потпомага и на спортистите, бидејќи влијае регенеративно и мускулите со него побрзо закрепнуваат после напорен тренинг.
Медот има важна улога и во превенција на срцевите заболувања: студија која била спроведена на универитетот во илиноис покажала дека медот ја успорува оксидацијата на LDL холестеролот, кој прави слоеви односно талог во артериите.
Судејќи според сите негови параметри, се чини дека темниот мед како медот од костен содржаи исто толку антиоксиданси како и самите плодови, односно цветови.
Освен тоа, има докажано антибактериско дејство. Како наведува списанието “Vita”, студиите покажуваат дека медот нанесен на кожата го забрзува исцелувањето на раните и успорува развој на патогени бактерии.
Со оглед дека содржи и видови на ензими кои произведуваат хидроген пероксид, кој пак пак ја успорува појавата на забниот плак, може да се користи и за превенција на кариес.
Постојат и медови со додаток на овошје, како и различни вметнати ароми, за кои не е реткост да им се вметнат армои на лековити билки, но на домашниот пазар ваквите производи не се зачестени.
Во целата, се чини доста шаренолика понуда на мед, среќаваме и мед со саќе, мед со јаткасти овошки и мед со таан како најпопуларни видови.
Уште некој збор за медот
Бојата на медот се одредува според видот на цветот од каде е собиран поленот; посветлите медови по правио се со понежни вкусови, додека темниот (често погуст) е почесто со поинтезивен и силен вкус.
Основниот состав на медот го сочинуваат фруктоза, глукоза и вода; медот содржи и други шеќери и трагови од ензими, минерали, витамини и аминокиселини.
Секундарната функција која пчелите ја извршуваат додека го збираат нектарот е од витално значење за исхраната на човекот; дури една третина од човековата храна потекнува од билки кои се разножуваат преку опрашување, а 80 % од овие билки ги опрашуваат пчелите.