Месечева диета – лудило или реалност?

Месечевата диета е позната уште од памтивек. Не претставува поголема шок за организмот бидејќи постот трае само 24 часа, секој пат доаѓа до месечева мена, или промена на магнетното поле на Земјата.
Едноставно треба да се усогласите со месечината, за да помогне во намалување на тежината.
Кога месечинатае полна, така вие полесно ќе качите на килограми.
Во фаза на намалување на месечината, тогаш е полесно да се решите од вишокот течности и килограми.
Се сеќавам дека оваа диета беше хит меѓу тинејџерките кои сакаа да за брзо се решат од вишокот на килограми – многу од моите пријатели во средно училиште имаа направено распоредот на месечевите фази за тековната година.
Некои се откажаа од оваа диета, некои продолжија бидејќи стрелката на вагата не лажеше – килограмите очигледно се намалуваа.
Во што бесе трикот ? Дека еден ден во тек на постот се дозволени само течности, и тоа природни и незасладени и безмасни течности – млеко и алкохол се забранети.
Така ќе си сварите чај без шеќер, компот или овошен сок и ќе пиете само вода – за оваа диета треба да конзумирате најмалку 3-4 литри течности.
Самиот пост ве наведува помалку да јадете и така ќе внесувате помалку калории, барем еден ден (24 часа колку што трае месечевата мена) што не значи дека на крајот на седмицата можете да књукате хамбургери, мрсни печења колачи.
За време на месечевата мени нема да изгубите доволно калории за да си дозволите калорична храна за остатокот од седмицата ниту ќе ви се стопат масните наслаги на телото.
Ќе изгубите вода од телото, отровите ќе се излачува со неа и многу минерали ќе изгубите со зголемена хидратација.
Можеби тоа е причината зошто повеќето од жените се одлучуваат за оваа диета првенствено поради чистење и зајакнување на имунолошкиот систем и да се отстранат отровите.
И тоа е оваа диета шампион, мора да се признае.
Кај вработените луѓе на кои не им треба да губат од телесната тежина, туку чистење од брза храна, која ја конзумираат во текот на неделата, одлично ќе им дојде денот на постот во кој можат да го зајакнат на телото од внатре.
Постои решение за да оваа диета не се претвори во обично плакнење во однос на количината и видот на течноста што треба да се конзумираат.
Ако пиете премногу обична вода или чај, и не земате храна богата со минерали, кои ќе се сврзат со водата и ќе се задржат во телото може да предизвикате сериозно нарушување на рамнотежата на минерали, иако пост трае само 24 часа.
Затоа оваа диета не се препорачува за некои групи на луѓе кои веќе се во лоша здравствена состојба илиимаат чуствителен организам.
Во оваа група се вклучуваат пред се луѓе кои имаат шеќерна болест, проблем со работата на крвните садови на срцето, со луѓе кои имаат неодамна прележано вирус или инфекција.
Исто така, некои видови на диети не се добри за бремени жени (освен во одредени медицински околности кога се препишани од лекар) така и оваа диета, и покрај нејзината едноставност и кратко траење не е препорачува за таква деликатна состојба, исто така не се препорачува ниту за доилки, иако сугерира одредена литража на течност што е погодност за создавање на млеко.
Последните е групата на хормонално чувствителни особи кај кои исто така не се препорачува за оваа диета, тука спаѓаат жените за време на менструацијата, која е често во корелација со фазите на месечината.
Значи, совети за сите вас кои сепак ќе се одлучите за месечевата диета- само ако се во добра здравствена состојба, 24 часовен пост нема да ви направи штета, односно навистина ќе направи добро за вашето тело, и ќе го исчисти од токсини вашиот организам –секако ако ја држите онолку често колку што ви е потребно, и најважно е да не започнувате со било какви детоксикациски методи без консултација со вашиот лекар.
Подгответе си течност, која ќе ви помогне наместо обична вода, наместо да пиете обична вода може да пиете вода во која претходно сте вареле зеленчук, кој варејќи се во водата испуштило витамини.
Варете блитва, магдонос, моркови, зелка, кељ, карфиол, … Направете си супа од сезонски зеленчук без додавање на никакви масти.
Зеленчукот кои сте го вареле, отстранаете го јадете го после постот.
Чаевите кои ги спремате со готвење нека имаат примарната функција на засилување на излачувањето и стерилен ефекти како нане или бозел.
Соковите што ги конзумирате нека бидат од овошје богато со витамини за да ве одржат сити во периодот на постот.
Наредниот ден од денот на постот гответе си супи богати со минерали како калиум за да ве освежи и да ви ја врати силата назад.
* Месечева диета
Често диетите од овој тип имаат дополнителни совети како треба да го вклучите спортот, како составен дел од секојдневниот живот, и како обврска да го промените начинот на исхрана – како советник на “магијата” крема што ќе ги стопи вашите масни наслаги, што само по себе носи книга со исхрана и вежбање секој ден.
Сакам да кажам дека месечевата диета самата не ќе ви биде заслужна за вашата нова линија и силни мускули на целото тело.
Спортот и здравата, разновидна исхрана се предуслов за добро здравје која ќе ви донесе добра линија, добро чувство и позитивен став кон животот.