Моќта на природата: Избелете ги забите без да одите на стоматолог

Убавината и белината на забите е најубавиот украс и на машкото и на женското лице, а компаниите за производство на стоматолошки производи заработија милиони евра само од желбата на луѓето да имаат убава насмевка.
Сепак, пред стоматолошка посета, секој човек треба да се обиде својата желба да ја постигне со помош на природни и достапни за сите “производи” – овошје и зеленчук.
Познатата лимонска киселина
Лимон покрај тоа што е еден од најдобрите извори на витамин Ц, исто така е многу ценет поради неговата киселина.
Таа дејствува како природен избелувач, па максимално еднаш неделно се препорачува триење на забите со кора од лимон.
Моќта на јаболката
Прв од серијата природен асистент на чистотата, но и за бели заби, секако е јаболкото, што за повеќето луѓе е омилено овошје.
Освен честото конзумирање и подолго џвакање на јаболката, ова овошје има уште една моќен кец во ракавот а тоа е јаболковиот оцет.
Ако една лажичка оцет се додаде во чаша вода и со оваа смеса се измие устата пред четкање на забите, резултатите многу брзо ќе станат видливи.
Со морков против каменец
Интересно е колку морковите добро го уништуваат каменецот кој обично во големи количини може да се најде на забите.
Покрај тоа, морковот е голем борец против бактерии, па спаѓа меѓу препорачаните намирници.
Хранливата кора од банана
Не само што бананите се многу хранливи, туку и нивната кора е хранлива.
Таа е богата со калциум, магнезиум и манган, кои имаат сила да продрат до забите и да ги избелат.
Се препорачува триење на забите со кора од бананите со траење од две минути, а потоа по одредено време се четкаат забите на стандарден начин.