Мртво кревање за дами: Зошто се препорачува?

Ако мртвото кревање не е веќе дел од вашата тренинг рутина, без оглед на тоа дали сте маж или жена, дефинитивно треба да биде.
Ова е практично најефикасната вежба што постои, бидејќи бара учество на речиси сите мускули на телото за да се подигне товарот.
Вежбата која е наречена “кралица на сите вежби” го опфаќа долниот дел на грбот, задната ложа, задникот и квадрицепсите додека другите мускули работат на стабилизација на телото.
Поради сето ова вистинска штета е да ја прескокнете оваа вежба и тоа сигурно се однесува на дамите кои сигурно посебен акцент ставаат на долниот дел од телото и вежбите за нозе и задникот им се омилени.
Има огромниот број на предности кои со себе ги носи мртвото кревање а ова се најголем дел од нив:
– Зголемување тонусот на нозете
– Зголемување тонусот на задникот
– Зголемување тонусот на мускулите на долниот дел од грбот
– Зголемување тонусот на рацете и рамената
– Зголемување на основниот тонус на мускулите
– Решавање на масните наслаги околу половината
– Засилување на срцето
– Зголемување на силата
– Корекција во држење на телото
– Подобрување на сексуалниот живот
Ова се сите придобивки што ги носи познатото мртово кревање а сите овие може да се постигнат само ако се совлада правилна техника на изведување на оваа вежба.
Забелешка:
Лошата техника на изведување на мртво кревање доведува до искривување на ‘рбетот, предизвикувајќи голема опасност од повреда што може да предизвика трајно оштетување.
Затоа, потребно е пред се со стручно лице да научите како правилно се извршува оваа вежба.