МУЛТИ ВИТАМИНСКИ СОК ОД ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Овој освежителен мулти витамински сок можете да го пиете во било кое време од денот. Ви дава комбинација од кератин и витамин Ц.
Состојки:
2 сецкани средни моркови
2 сецкани средни цвекла
2 сецкани на четвртини средни црвени јаболка
2 средни лимони, излупени, без семки и сечени на четвртини
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете додека сокот не згусне.
Послужете во две чаши полни со мраз.
Нутритивни вредности :
Енергетска вредност: 86 kалории
Протеини: 2,6 гр
Масти: 0,2 гр
Јаглехидрати: 19,8 гр