Најважните минерали за функционирање на организмот

Зголемена потреба или намален внес, без оглед на кој механизам за недостатокот на минерали се работи, истиот може да предизвика голем број на непријатни симптоми.
Еве ја листата на петте најважни минерали што треба да ги внесете во доволни количини.
Калциум
Калциум го поврзувате со цврсти и здрави коски.
И се разбира во право сте, но калциумот има и многу други функции во телото, како преносник на сигнал до нервниот систем, коагулацијата на крвта, ензимски регулаторот и за регулирање на крвниот притисок.
Исто така има улога за да го зголеми ефектот на некои витамини и е многу корисен и кај исфрлање на тешки метали како оловото.
Затоа, задолжително употребувајте млеко и млечни производи, како и зелен зеленчук како спанаќ.
Натриум
Натриумот е секогаш поврзан со негов недостаток. Иако фанатично се најавува да не се претерува, не мора да бидеме фанатици и кај внесување на овој минерал.
Една важна карактеристика е тоа што го одржува балансот на водата во телото, сигналите помеѓу нервните клетки и формирање на мускулната контракција и релаксација.
Хлор
Иако ретко слушаме за него, овој минерал е сепак еден од клучните фактори кога станува збор за претворање на храната во енергија.
Покрај тоа што има важна улога во одржување на pH вредноста во телото, во спротивно доаѓа до нарушување на рамнотежата на pH на основните процеси во телото.
Неговата концентрација внимателно ги регулира бубрезите.
Калиум
Овој електролит има важна улога како и натриумот во регулирање и распределување на течностите во телото, но и во нивен транспорт.
Дејствува како невротрансмитер, и се поврзува со формирање на бубрежни камења, а при негов недостаток се јавува и висок крвен притисок.
Бананите и доматите го зголемуваат калиумот.
Фосфор
Дел од секоја клетка, клучна состојка за формирање на ДНК и за секоја клеточната мембрана.
Покрај тоа делува како и калциумот влијае на здравјето и силата на коските и забите.
За фосфорот се важни правилата да се држите до протеинска храна и храна богата со калциум, тогаш нивото на овој минерал ќе биде на задоволително ниво.