Најдобрите диети за 2015

Indian woman choosing snack
Ако здравата исхрана и намалување на телесната тежина е дел од вашата агенда за 2015 година тогаш веројатно ќе сакате да ја проверите листата на најдобро рангирани диети која повторно ни доаѓа од Америка.
Тимот на U.S. News & World Report анализираше 41 план на исхрана или диета и рангираше 35 од нив од најдобра кон најлоша според критериуми кои го истражуваат влијанието на диетите на целокупното здравје.
Рангирањето на диетите се основа брз истражувања од медицински списанија и владини извештаи во спој со мислењата на национално признати експерти за диети, нутриционизам, дебелеење, психологија на исхраната, дијабетис и срчеви болести.
Диетите се рангираат во осум категории и тоа: најдобри диети според вкупните бодови; најдобри за слабеење; најдобри за дијабетис; најдобри за срчеви болести; најдобри комерцијални диети; најдобри диети за здрава исхрана; најлесни диети за следење и диети со најдобар план за исхрана.
Во продолжение ви ги претставуваме 15те најдобри диети за слабеење за оваа година, односно 11те најдобри кои можете да ги практикувате и кај нас. Од листата на диети ги изоставивме HMR диетата (2ро место), диетата на Jenny Craig (4то место), Slim Fast диетата (9то место) и Spark Solution диетата (14то место) бидејќи тоа се комерцијални диети кои се одликуваат со режим на исхрана кој вклучува специфични комерцијални производи од нивната линија на производство.