Најегзотичниот фитнес центар на светот

Фитнес центар на брегот на океанот … глетката е прекрасна во текот на целиот ден… Овој фитнес центар се наоѓа на Копакабана во Рио де Жанеиро …
Кој тука не би сакал да тренира?
Се работи за еден од најпознатите фитнес центри на светот, се разбира не поради опремата која е многу ретка, туку поради локацијата што го прави дефинитивно најатрактивно место за тренирање.
Се наоѓа на местото познато како Parque do Arpoador, кое што се наоѓа помеѓу плажите Ипанема и Копакабана во главниот град на Бразил.
Едноставно уживајте барем во фотографиите на овој фитнес центар кој се наоѓа на брегот на океанот, каде што локалните жители имаат можност да вежбаат и во исто време да го гледаат зајдисонцето.
Оваа слика ви го одзема здивот. Подолу ви презентираме неколку фотографии од ова прекрасно и уникатно место.