Најимпресивните физички трансформации во историјата на Холивуд

10. Ели Рот во Неславни копилиња (Inglourious Basterds)
За улогата на најлошиот кошмар на нацист во фантастичната приказна од Втората светска војна, веќе е во добра кондиција Ели Рот во филмот на Квентин Тарантино Неславни копилиња (Inglourious Basterds). Неговиот карактер е наредникот Дони.
Наместо на губење на тежината Рот мораше да работи на мускулите.
Го совлада локалните акцент, и потроши долго време со тренинзи во сала, додека не набаци 18кг во мускули. Ако сте го виделе Рот занишан на оградата во филмот, ќе знаете дека неговиот труд се исплатеше.
9. Џејсон Статхам во Транспортер (The Transporter)
Британскиот актер и поранешен шампион во нуркање Џејсон Статхам не му беше во план да биде акционен херој. Ја започна својата филмска кариера во гангстерски филмови. Беше познат по улоги на слаби преваранти.
Сето ова се смени на покана на Холивуд во улогата во акционен филм Транспортерот од 2002, во која тој глумеше опасен возачот. За оваа улога тој мораше целосно да го смени својот физички изглед.
Но, наместо вообичаените Холивудски рутини со изнајмување личен тренер, Статхам сам се мотивираше поминувајќи го своето време во салата за вежбање и бавење со мешани боречки вештини.
До крајот на неговиот интензивен тренинг, Статхам беше во толку добра кондиција така да тој беше во можност сам да ги изврши поголемиот дел од акробациите во филмот.
8. Роберт де Ниро во Разјарениот бик (Raging Bull)
Дали некој беше по пофален од Роберт де Ниро поради зголемената килажа во “Разјарениот бик” филм од 1980 година.
Познатиот актер доби 27кг на масти прејадувајќи се со палачинки и милкшејкови со цел што поубедливо да го портретира подуениот поранешниот боксер Џејк Ла Мота во филмот на Мартин Скорсезе.
Речиси 30 години подоцна, луѓето се уште се восхитуваат на неговите мускули на градите.
7. Џејми Фокс во Само игра (Any Given Sunday)
Џејми Фокс за улогата на Вили Бимен во филмот на Оливер Стоун Само игра (Any Given Sunday) мораше сериозно да се фрли на кревање тегови и да качи 90 кг.
Поранешниот модел од насловните на МФ се пријави во фудбалски камп и како резултат на напорниот тренинг . За среќа мускулите му останаа на Фокс и тој доби совршен изглед а уште подобро изгледаше на големиот екран.
6. Мики Рурк во Борач (The Wrestler)
За улогата на борачот Ренди “Овенот” во филмот на Дарен Аронофски, Мики Рурк мораше да понуди повеќе од само избелена коса и зелени хулахопки.
За да убедливо го портретираат човекот кој би можел да издржи рунда против Кинг Конг Банди, 55-годишниот актер Мики Рурк накачи 14kg на чист мускул.
Свесен дека ова може да биде камбек во неговата кариера, Рурк се посветил на улогата ангажирајќи го професионалниот борач по име АФА-Дивиот Самоа.
5. Рајан Рејнолдс во Блејд:Тројство (Blade: Trinity)
Како еден релативно непознат актер кој беше избран да глуми ловец на вампири во третиот филм од трилогијата Блејд, тој знаеше дека мора да понуди нешто што ќе и го одземе вниманието на публиката – игра заедно со Џесика Биел.
Затоа овој дечко од Ванкувер почна интензивно да тренира, правејќи се што е од интензивен тренинг до јадење на 8-10 мали оброци на ден. Резултатот? Безброј насловни страни, главната улога друг филм и брак со Скарлет Јохансон.
4. Едвард Нортон во генерација X (American History X)
Завладеа со екранот како Дерек Винард, бесен неонацистички скинхед чии физичкиот изглед направи многу мажи да започнат со тренинзи.
Нортон не само што имаше типичен совршен изглед на Холивудски главен актер, тој изгледаше како човек кој во затвор креваше тегови.
3. Кристијан Бејл во Бетмен почнува (Batman Begins)
Појавата на Кристијан Бејл во римејкот на Бетмен, можеби и не најспектакуларна во листата, но шест месеци пред, Бејл тежел само 54 килограми.
За да започне снимањето на актерот качил солидни 45кг. Сепак режисерот сметал дека Бејл премногу се набилдал и му наредил да симне 9 килограми.
2. Вил Смит во Али (Ali)
Дали сакате да ја раскажете приказната за најголемиот професионален боксер на сите времиња Мухамед Али?
Вил Смит го направи тоа одлично. Работеше со поранешниот фитнес тренер С.Р. Леонард и така се подготвени за оваа улога.
Од неговите 84kg да качи100кг чист мускул. За оваа улога Вил Смит беше номиниран за Оскар.
1. Џерард Батлер во 300
За да го глуми кралот Леонидас, на шкотски актер му беше потребен изглед како од стрип.
Затоа на сцена настапува Марк Твајт-планинар и кондиционен тренер, кој на Батлер и тимот за период од 4 месеци среди со напорни тренинзи и вежби.
Резултатот е одличен, можете да го погледнете филмот кој е доказ за изгледот на Батлер.
Dijana Miovska liked this on Facebook.
Orce Serafimovski liked this on Facebook.