Најчести грешки во здравата исхрана !

Колку и да се трудиме, обидите за здраво да се храниме не ви ги донесоа саканите резултати !? Без разлика дали се работи за диета поради естетски причини или сакате да си го подобрите режимот на внесување на хранливи материи во телото, постојат низа на грешки за кои не сте свесни.
Здравата исхрана во комбинација со здрав живот, ќе направи да се чувствувате добро во вашето тело барем до степен колку што вашиот живот ви дозволува (работа, школо, семејство…).
Затоа припазете на следниве неколку ситници кои се често занемарени при строгите диети.
“Слаткото” кои го содржи вистинското овошје
Во текот на денот, особено во лето, пожелно е во телото да внесете барем 4 до 5 парчиња овошје.
Вкусните слики на етикетите на здравите слатки и налепници кои тврдат дека производот е направен од овошје можат да ве измамат да со нив го замените оброкот од вистинско овошје.
Бидејќи производителите не се должни да го наведат вистинскиот процент на овошје во производот, можно е тие да се направени само од овошни сокови кои содржат шеќер.
Да не занемариме дека повеќето од нив содржат речиси исто калории како и “вистинските” слатки.
Наместо да ги сметате ваквите слатки како здрава храна, попрво пристапете им како и на секое друго слатко искушение.
Претерано консумирање на додатоци во исхраната
Често се заборава дека витамините во таблети се додаток во исхраната, а не замена за храна која не се внесува во телото.
Покрај тоа, претераната употреба на витамини може да го загрози вашето здравје.
Сите витамини и минерали во организмот меѓусобно соработуваат па така многу лесно може да се наруши нивната рамнотежа на концентрација на еден витамин или група на витамини.
Наместо тоа, не земајте повеќе од една витаминска таблета на ден.
Исклучително само со совет од вашиот лекар или нутриционист може да посегнете за дополнителни витамини.
Мал број на оброци или недоволно внесување на храна
Преголемо или премало внесување на храна, иуако во спротивност, меѓусебно се поврзани. Доколку не јадете во правилни временско растојанија во текот на денот, се нарушува нивото на шеќер и инсулин во крвта.
Тогаш телото ги задржува маснотиите кои ги внесуваме и доаѓа до успорување на метаболизмот, што резултира со дебелеење.
Наместо тоа не намалувајте си ги оброците. Јадете секои четири часа и никогаш не се прегладнувајте до следниот оброк.
Користење на вештачки засладувачи
Ова правило не се однесува на внесувањето на калории, бидејќи тие несомнено се помалку калорични од шеќерот.
Но, тие се 200 до 300 пати послатки од шеќерот. Се ставаат во многу помали количини, но многу често предизвикуваат жед и зголемен апетит.
Научните истражувања ја докажале врската помеѓу вештачките засладувачи и мигрената и вртоглавицата. Покрај тоа, многубројни експерименти покажале дека засладувачите (сахарин и цикламати) предизвикаат рак кај експерименталните животни.
Но нивната поврзаност со формирањето на малигните клетки во телото на човекот не е докажано.
Наместо тоа, консумирајте вода или исцедете некое омилено овошје, засладете го со мед по потреба и уживајте во здравиот пијалок. Кафето или чајот засладете го со кафеав или овошен шеќер.
Диети на познатите
Иако звучи примамливо да се придржуваме до диета која и помогнала на Џенифер Анистон да ја достигне саканата тежина, нутриционистите предупредуваат на несоодветноста на одредени режими на исхрана.
Ако таа диета била корисна за Џенифер, не значи дека ќе биде корисна за сите останати. Поголемиот број на селебрити диетите се базирани на исфрлање на јаглехидратите, кои се составен дел на избалансирана исхрана.
Предност им се дава на протеините поради кои телото може да почне да губи калциум.
Наместо тоа, употребувајте урамнотежена исхрана која ќе содржи овошје, зеленчук, пилешко, риба, црн леб и ориз.
Ароматизирана вода
Иако же означена како диетален производ, ароматизираната водаво себе содржи шеќер кој на производот понекогаш е означен како “сува матеирија”
Во зависност од производителот, може да содржи 44 до 65 грама шеќер во флаша од 1,5 литри. Тоа е како во телото да се внесат 5 супени лажици шеќер.
Произведувачите на вода, дополнителниот шеќер го сметаат како нужен бидејќи без него водата би била невкусна.
Наместо тоа, конзумирајте чиста, природна или изворска вода на која можете да и додадете свеж лимон или разни свежи билки од нашето поднебје, и на тој начин да и го збогатите вкусот на природен начин.
Размислување на “кратки патеки”
Брзите диети со минимален број на калории, со кои телото се држи речиси во гладна состојба, не носат никакви резултати.
Ако притоа ослабете неколку килограми, бидете сигурни дека повторно ќе ги надокнадите.
Наместо тоа, на здравата исхрана пристапете и како начин на живот. Без одрекување, во умерени количини, можете да си приуштите скоро се.
Со поголема самодисциплина и пожртвуваност, но со долгорочни и иреверзибилни резултати.