Неколку совети во врска со протеинските шејкови

Слично како и енергетски пијалаци, постојат и пијалоци со големи количини на протеини. Па така постојат препарати за бодибилдери, борачи, боксери, велосипедисти и кревачи на тегови- готови производи врз основа на протеини од сурутка-кој има највисока биолошка вредност.
Чоколаден микс:
2/3 чашки веј протеин концентрат
2 лажици какао во прав
2 лажици фруктоза
2 чаши обезмастено млеко
Добро се меша и се сервира. Овој вкусен “производ” содржи 320 калории, 55 грама протеини, 3 грама масти, 18 грама јаглени хидрати.
Овошје микс – јагоди:
1/3 чаша на веј протеин концентрат
1 чаша овошен јогурт (јагода)
1 чаша обезмастено млеко
Добро се микс додека не добиете густа маса, потоа сервирате. Овој овошен-протеин концентрат содржи: 360 калории, 35 грама протеини, 2 грама масти и 50 грама јаглени хидрати.
Банана шејк:
1/3 чаша на веј протеин концентрат
1 зрела банана средна големина-сецкана
2 лажици фруктоза
1 и пол чаша обезмастено млеко
Се микса додека не добиете хомогена маса за пиење, потоа се служи. Оваа вкусна мешавина содржи: 294 калории, 35 грама протеини, 2 грама масти и 34 грама јаглехидрати.
Сосема е јасно дека еден спортист може да ги зачини своите миксови по слободна волја со едноставно додавање на ванила, ѓумбир, цимет, разни егзотични овошја и така натаму.
Со минимален прибор (електричен миксер и пластични садови, добар баланс и стандардизирани чаша) може да се обезбеди пријатна забава која е многу корисна бидејќи подготовките во домашни услови се поевтини!