НЕ ПРАВЕТЕ ГИ ОВИЕ ВЕЖБИ АКО САКАТЕ ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ

Интензивното вежбање кое најчесто ветува брзо губење на килограмите и топ форма, сепак нема да ви помогне да ги изгубите масните наслаги.
Ова е потврдено со недамнешно истражување чија цел било да се докаже дека сепак класичните кардио вежби со кои постепено се подобрува фигурата се многу подобар избор отколку интензивните вежби кои може значајно да ве исцрпат.
Тренинзите со висок интензитет го вклучуваат и краткото и интензивното трчање и интензивното возењето на велосипед кои чинат вашето срце да чука многу побрзо отколку на тренинзите со поблаг интензитет.
Некои од овие програми најчесто ви ветуваат дека ќе ослабете после 7 минутниот тренинг или после само неколку краткотрајни интензивни тренинзи.
Научниците од Универзитетот во Сиднеј, посакаа да дознаат како влијае токму ваквиот вид на тренинг врз ослободувањето од масните наслаги на стомакот и кај луѓето кои воопшто не практикуваат физичка активност.
Па така, поголема група на луѓе кои се физички неактивни и со прекумерна телесна тежина, за ова истражување тренираа три пати неделно по точно 24 минути.
Верувале или не, тие не само што не ослабеле, туку и добиле некој плус од масните наслаги во наредните неколку недели.
Токму затоа стручните лица советуваат дека ако имате потреба да ги стопите масните наслаги а имате поголем вишок на килограми, сепак не е препорачливо да се заменат класичните кардио вежби со тренинзи со голем интензитет.
Ваквиот вид на интензивни тренинзи се добри за некој кој е веќе во добра форма па сака да ја одржи својата вита става, но сепак за луѓето кои сакаат да слабеат се препорачува во најмала рака 45 минутно вежбање и тоа речиси секој ден, но вежбите треба да бидат со послаб интензитет.