Не јадете пред спиење !

Доцновечерните оброци веројатно ќе ни го пореметат сонот, ќе предизвикаат зголемување на килограмите… но колку всушност е штетно да се отиде на спиење со полн стомак?
Истражувањата покажале дека доцновечерните оброци во никој случај не се добри.
Па ни тогаш кога нема да изедете многу, туку едноставно ќе грицнете нешто, на пример, наместо во 19 часот вие вечерате во 22 часот – бидејќи и тогаш е многу веројатно дека ќе се здебелите.
Научните докази упатуваат на тоа дека нашето тело знае кога би требало да биде будно и да јаде, па и кога треба да спие, односно да се одмора и да не внесува храна.
Па поради тоа, кога јадете во неочекувано време, на пример во 22:30 часот кога би требало да спиете, метаболитичките органи како што е црниот дроб се „збунува“ бидејќи тогаш не се подготвени за прилив на храна, па затоа и таа храна не се дигестира правилно како обично.
Тоа предизвикува проблеми со инсулинот и нивото на шеќер во крвта а како краен резултат – се складиштат повеќе масти од вообичаено.
Истражувањата покажале дека луѓето кои редовно јадат доцна, како луѓето кои работат до доцна навечер и оние со синдром за доцновечерно јадење (луѓе кои повеќе од 25% храна ја јадат после вечерата), имаат и поголем обем на струкот и индекс на телесна маса од луѓето кои јадат во конвенционално време.