Никол Кидман: Фитнесот ми е во крвта!

Не е тајна дека легендарната висока и тенка Никол Кидман внимава на своето тело. Доволно е да само да ја погледне те!
По раѓањето на ќерка и Сандеј Роуз, атрактивна актерка рече дека уживала во своите новооткриени облини.
“Цел живот сум имала андрогино телото, па градите ми беа добредојдена промена”, изјави за Daily Mail.
Со оглед на нејзината страст за фитнес, обожава да трча.
“Така татко ми не научи – тој трча маратони”, рече актерката на списанието SHE. Таткото на актерката не само што се држи себе си во форма туку го одржува и целото семејство.
“Во средните седумдесетти години и трча по 16 км. Со внуката Сандеј на грб знае со сати да планинари “, вели Кидман.
Иако поголемиот дел од својот живот е во центарот на вниманието, Кидман успеа да одржи здрав пристап кон своето тело и вели дека сака да се фокусира на здравјето отколку да се оптеретува со вагата и килограмите.
Таа призна дека нејзиниот брак со сензационалниот кантри пејач Кит Урбан знае да ја однесе во калорични води, но таа додаде: “. Јас сум високa 182 см и неморам толку да обраќам внимание на тежината колку што морам на холестеролот”