Нова пирамида на исхрана!

Ако сакате да бидете витки и фит, придржувајте се до новата пирамида на исхрана!
Нутриционистите непрестанато го продлабочуваат знаењето за прехрамбените производи, а новост е дека напитоците стануваат супер важни.
6 дози на течност
На организмот дневно му се потребни 2 литри на течности. Идеални згаснувачи на жед: негазирана или газирана минерална вода, природна изворска вода, природни, незасладени овошни сокови, билни и овошни чаеви.
Во никој случај не смеете да пиете напитоци богати со шеќер, како што се Кока- Кола и други такви сокови.
Дневна потреба: 6 чаши вода
5 порции овошје и зеленчук
Благодарејќи им, ќе бидете супер фит! Содржат важни материи за живот: витамини и минерали.
Промовира забрзување на метаболизмот, штити од болести и помага во намалување на килограмите.
Дневни потреби: 2 порции зеленчук (околу 200гр) + 1 салата (околу 100гр) + 2 порции овошје (2 парчиња).
4 порции леб, житарици, тесто, ориз и компир
Јаглехидратите се многу важни, а најздрави се од интегралниот леб, со зрна, интегрално брашно (кафеав ориз, тесто и леб од интегрално брашно).
Дневни потреби: 3 парчиња леб (250гр) + 1 порција прилог, на пр. ориз или тесто (околу 250гр зготвена количина).
3+1 порција млеко, јогурт, риба
Содржат високо вредни белковини кои се главни градежни материјали потребни за раст и обновување на ткивото. 3 порции млеко и млечни производи, најдобро немасни млечни производи, како што се млекото, јогуртот, сирењето, матеницата итн.
Дневни потреби: ¼ литри млеко, кришка сирење (околу 30гр), риба (околу 150гр), колбасица (околу 50гр) или 1 јајце.
2 порции маснотии или масло
На прво место се намирниците кои дебелеат, така што со нив бидете многу претпазливи! Но, на организмот му требаат маснотии, како би ги складирал витамините А, Д, Е и К.
Користете здрави билни масла, богати со незаситени масни киселини, како што е маслиновото, сојното, масло од пченкарни микроби, масло од репка. Бидете штедливи со маснотиите при печење и пржење!
Дневни потреби: 1-2 лажички растително масло + 1 до 2 лажички маргарин или путер со помала масленост.
1 порција слатки, слатки пијалоци и алкохол
На врвот на пирамидата се дневните слатки производи. Тоа се слатки напитоци (Кока-Кола, лимонада, сокови, ледени чаеви и слично), мали закуски (на пр. мини пица), алкохол (вино, пиво), кекси, колачи и разни слатки.
Дневни потреби: 1 чоколада или 1 парче колач или пак 1 пиво.