Овесните снегулки како додатоци во исхраната

Слободно може да се каже дека овесот е една од најздравите житарки.
Во народот е уште познат како „зоб“, и е исклучително издржлива житарка која е позната по тоа што успева и на помалку плодна почва и на ниска температура.
По потекло од Азија овесот се одгледува веќе две илјади години наназад во различни региони ширум светот.
Во Европа овесот претставува важна полјоделска култура која Шкотите во 17 век ја пренеле во Северна Америка.
Денес најголем произведувач на овес е Русија во која, покрај хељдата, претставува главна житарка која се користи во исхраната.
Со оглед на тоа што не бара посебни услови околу самото одгледување, овесот се сади на преку 14 милиони хектари.
Билката расте со висина од околу 150 сантиметри, самоплодна е, со мали, групирани цветови.
Плодот е исклучително важна суровина за производство на сточна храна, а во исхраната на животните исто така, се користи и овесната слама која настанува како нуспродукт при обработката.
Во човековата исхрана поради своите исклучителни карактеристики, овесот е многу застапена и ценета житарица.
Стандарни производи се овесни снегулки и овесно брашно. При купувањето, без разлика дали се купува во пакување или на рефус, потребно е да се провери дали има доказ за постоење на влага.
Бројот на производи кои содржат овес константно расте, па така во маркетите можат да се купат разни овесни каши, кондиторски производи со овесно брашно како и мусли производи.
Една од главните карактеристики на овесот е тоа што припаѓа во групата на безглутенски житарки па има голема примена во исхраната на лица кои се нетолеранти на глутен.
Во количина од 100 грама овесни снегулки има околу 300 калории со што претставува идеална намирница за детска исхрана.
Снегулките се особено богати со калиум, потоа цинк, железо и магнезиум. Одличен извор се на здрави јаглени хидрати, кои се 66% од составот, како и доста диетални влакна.
Главен протеин во составот е авеналинот кој не е пронајден во ниедна друга житарка. Исто така, содржи најмногу масти од кои повеќето се незаситени.
Овесот содржи и некои помалку познати компоненти, но исклучително корисни по здравјето на организмот, бета-глукан и токотриенол, еден од подвидовите на витаминот Е.