ОВОШЕН ШЕЈК

Овој шејк ви го препорачуваме наутро како замена за појадок или како замена за ужина. Содржи калиум и витамин Ц. Одличен е за спортисти и за оние кои се на диета.
Состојки:
1/2 исечкана банана
200 гр јагоди
200 мл сок од портокал
Мраз
Начин на подготовка:
1. Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека смесата не стане кремаста.
Спортистите може да додадат и 20 гр протеин од сурутка и да го конзумираат после напорниот тренинг како замена за оброк.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 204 kалории
Протеини: 3,7 гр
Масти: 0,3 гр
Јаглехидрати: 48 гр