Одеднаш ви раскинува и исчезнува: 8 главните причини зошто се оладил/а?

Дали некогаш сте се нашле во ситуација каде што партнерот / партнерката прекинува секаков контакт со вас или одеднаш барал да раскинете?
На почетокот силно се сакате и тој однос напредува толку брзо што е проследен со оладување на односите и раскин.
Овие 8 причини се веројатно одговорот на прашањето зошто врската толку брзо ви се распадна:
1- Премногу брзо ви се случуваа некои работи
Ако и двајцата премногу се внесете на почетокот и дадете се еден на друг без размислување дека сепак треба некои работи да се одвиваат полека, ова ќе создаде простор за неуспех.
Секоја успешна врска бара време да се развие.
2- Си замисливте дека вашата врска е совршена
Ако се фатите себеси дека зборувате дека врската ви е совршена, време е некој да ве разбуди од овој сон.
Сите ние имаме недостатоци и најдобро ќе биде да се соочите со тоа што е можно порано, бидејќи некои мани може да ги засакате, но некои е тешко да се надминат.
3- Не доволно ја познававте личноста со која излегувавте
Најчесто треба минимум шест месеци за да се запознаете со личноста на соодветен начин.
Дури кога ќе го запознаете партнерот / партнерката каков што тој односно таа всушност и е, ќе треба да одлучите дали сакате да го задржите или не.
4- Не забележавте дека партнерот ви носи некоја тежина од минатото
Кога ќе влезете во врска, многу е веројатно дека во одреден момент ќе дознаете нешто за неговото минато што останало нерасчистено.
Тоа се главно некои трауми од детството што личноста сеуште не ги надминала.
Сериозно пробајте да се справите со овој проблем и внимателно размислете дали може да се справите со него.
5- Ви исчезна романсата
Партнерот односно партнерката биле многу романтични на почетокот.
Ви подготвил-а вечера со свеќи и ви носел-а чоколадо кога сте биле болни, но единствениот вид на романтиката сега е лежење и гледање филмови цел ден.
Кога целосно исчезнува романтиката, исчезна и врската.
6- Дознавте дека тој е обичен ласкавец и лажго
Не, не ви се причинува, знаете да препознаете кога некој лаже. Лажењето е често одраз на голем недостаток во карактерот, генерално не може да се искорени.
Таква личност не ви треба во живот.
7- Дознавте дека чуствата не ви одговараат
Додека сакавте врска бевте исклучително возбудени, но кога конечно влчеговте во неа, единственото нешто што чуствувате е голема емотивна неисполнетост.
Сите ги изразуваат своите чувства и љубов на различен начин, ако неговиот начин на покажување љубов не се вклопува со вашиот, не губете време.
8- Наеднаш станавте личност која мора да се менува
Тој односно таа почна од ведро небо да ја презема улогата на “шеф / шефица” во вашата врска?
Одеднаш добивте водич “како да се биде во врска” со детални инструкции како да живеете, со кои пријатели не може а со кои може да се гледате, колку смеете да излегувате и сите оние мали нешта кои треба да ги смените, под изговор дека тоа е добро за да се изгради подобра верзија на вашата личност ?
Колку време ќе ви треба да сватите дека ова не е “работата”, за која се пријавивте, па пресудете сами 🙂