Одлични намирници за да ги конзумирате на пролет

Јагоди
Осум просечно големи јагоди обезбедуваат 140 проценти од потребната дневна количина витамин Ц, 12 проценти од потребните растителни вкалкна, 210 милиграми калиум, а исто така добивате и значителна количина: витамни К, Б2, Б5 и Б6, бакар, магнезиум и омега масни киселини.
Редовното внесување јагоди ја засилува способноста на ткивата да се борат со оксидацијата и воспаленијата.
Свежи смокви
Смоквите се едно од највкусните овошја, но покрај вкусот, смоквите изобилуваат со хранливи материи.
Смоквите имаат најголем минерален процент од сите овошја што постојат.
Калиумот е значаен за контролата на крвниот притисок, а ефектите од калциумот, железото, витаминот Б6 се веќе добро познати.
Овошјето исто така има исклучително висок процент на растителни влакна, повеќе од кое било сушено или свежо овошје.
Нерастворливите растителни влакна штитат од рак на дебелото црево и рак на градите, а растворливите го намалуваат штетниот холестерол. Во смоквите ги има двата вида.
Боровинки
Боровинките се преполни со антиоксиданси и фитофлавиноиди, а имаат и значително висок процент на калиум и витамин Ц.
Последните нутриционистички истражувања покажаа дека дополнителните состојки на ова овошје можат да играат значајна улога во превенцијата и борбата против ракот.
Досегашните податоци за боровинките велат дека тие помагаат во превенцијата на срцеви заболувања, очни болести, како и инфекции на уринарниот тракт.
Боранија
Боранијата можеби треба малку повеќе подготовка, меѓутоа на крајот сето тоа вреди.
Боранијата содржи голем процент растителни влакна (околу 85 проценти од препорачаната дневна доза), а исто така е богата со железо, не содржи холестерол и има многу малку масти.
Праз
Празот му помага на црниот дроб да ги елиминира токсините и канцерогените материи.
Во овој зеленчук има сулфурни соединенија што штитат од заболувања на срцето и одредени видови рак.