Освежително смути со црни рибизли

Идеален ладен летен пијалок со бобинки богати со антиоксиданси, разблажени со вкусот на бананата.
СОСТОЈКИ
1 Банана
20 зрна Црни рибизли
50 гр Малини
200 мл Млеко (со ниска масленост 0,5 или 0,9)
Мраз
ОПИС
Бананата се сецка на средни кругови.
Во чашката од блендерот се ставаат круговите од банана, црните рибизли, малините, млекото и коцките мраз.
Се блендираат заедно додека мразот добро се издроби и сите состојки да се соединат.
• Банана
Бананите се лесни и содржат калиум, влакна, манган и витамин Ц, што ги прави одлични за децата.
Тие ви помагаат полесно да заспиете, да го зајакнете имунитетот како и да го задржите калциумот во телото.
• Малини
Кој може да им одолее на малите слатки црвени малини?
Богата е со бројни растителни хранливи материи, витамини и минерали кои се есенцијални за одржување на доброто здравје.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 151 калории
Протеини: 8 гр
Масти: 1,9 гр
Јаглехидрати: 29 гр