Основни додатоци во секојдневната исхрана

Сигурно често сте во дилема, треба ли да се земаат со секојдневната исхрана додатоци, како што се витамини и минерали во форма на таблети и други препарати.
Истражувањата покажуваат дека дополнителни витамини и минерали не ќе спречат некои хронични болести, но се секако пожелни.
Сè што е на природна база не е вишок.
Често при подготовка на храна губите некои хранливи материи кои се неопходни за здраво тело.
Значи кажете “да” на секој природен додаток во вашата секојдневна исхрана.
Се разбира ниту еден додаток нема да биде ефективен ако не се храните здраво. А добро балансираната исхрана треба да ви обезбеди се што на вашето тело му е потребно.
Сепак постојат и луѓе кои едноставно не сакаат овошје и зеленчук или млечни производи.
На тие личности секако им недостасува витамин Ц и калциум. Тогаш се препорачува додавање на овие додатоци во форма на таблети.
Мултивитаминските таблети, шумливи или оние кои треба да се проголтаат, се лесен и ефтин начин да се надоместат витамините и минералите кои ви се потребни.
Еве неколку додатоци кои можат да бидат корисни за вашето тело:
Многу луѓе не јадат доволно храна која е богата со калциум. Недостаток на калциум може да доведе до остеопороза или ослабување на коските.
Препорачаната дневна доза на калциум за секој возрасен е околу 1200 mg. Ако не го внесувате доволно преку исхраната тогаш земете го како додаток.
Витамин Д
Витаминот Д е важен за апсорпцијата на калциум. Затоа заедно со калциумот не заборавајте да го користите и додатокот на овој витамин.
Омега-3 масните киселини помогаат во спречувањето на кардиоваскуларните заболувања.
Најдобар извор на омега-3 е рибата, лененото семе исто така. Истражувањата покажуваат дека на телото секојдневно му е потребно 0,5-1,8 грама рибино масло.
Фолна киселина
Фолната киселина се наоѓа во зелениот лиснат зеленчук, агрумите и мешунките.
Фолната киселина се препорачува за секоја жена која планира да забремени а исто така помага во намалување на нивоата на хомоцистеин што би можело да помогне да се намали ризикот од срцеви заболувања.
Препорачаната доза за возрасни е 400 mcg (микрограми) на ден.
Антиоксиданси и цинк
Истражувањата покажуваат дека комбинацијата на антиоксиданси и цинк го намалуваат ризикот од макуларна дегенерација во длабока старост.
Пробиотици
Храна како јогурт и ферментирани нутриенти природно содржат пробиотички бактерии.
Овие бактерии се слични на пријателските бактерии кои природно се наоѓаат во вашиот дигестивен систем.
Пробиотиците се добри како додаток во исхраната а може да бидат корисни за луѓе кои имаат нервозен стомак ипроблеми со варењето.
Во принцип прехранбените адитиви не се штетни но не заборавајте да јадете здрава храна.
Мултивитамините и другите додатоци се бескорисни ако не јадете здраво.
Јадете многу овошје и зеленчук, млечни производи со ниска масленост, житарки со цели зрна, посно месо, риба, пилешко, ореви, семенки и мешунки.
Ако користите додатоци, бидете внимателни да не се предозирате.
Некои витамини како што се витамин Д, витамин А и витамин Б6 може да бидат лоши за вашето здравје, кога ги земате подолг временски период во големи количини.
Ако земате лекови или редовна терапија во комбинација со некои од додатоците може да предизвика негативни реакции во телото.
Затоа консултирајте се со вашиот лекар пред употребата на додатоци во исхраната.