Откриено нова полезно делување на витамин Д !

Конзумирање витамин Д го намалува ризикот од рак на панкреасот скоро за половина, по прв пат се потврдени истражувањата на американските научници.
Раните испитувања покажале дека витаминот Д штити од рак на дебелото црево и рак на дојката така што го спречува растот на абдоминалните клетки и оневозможува формирање на крвни садови кои го хранат туморот.
Конзумирањето на 450 меѓусебни единици на витамин Д дневно, што е приближно стандардна доза во повеќето мултивитамински препарати, го намалува ризикот од рак на дебелото црево за 43%, тврдат научниците.
Конзумирање на 150 до 300 единици на витамин Д дневно, имено го намалува ризикот од рак на дебелото црево за само 22%, укажуваат научниците.
“Пораката е дека многу е важно постојано да се внесува соодветната количина на витамин Д”, рекол Хал Скинер, водител и истражувач.
Резултатите од истражувањата се објавени во септемвриското издание на медицинското списание “Епидемиолошки биомаркери и превенција од рак”.
Истражувачите користеле податоци брз основа на поодамнешни истражувања – едно истражување кое опфатило 46.000 мажи и друго во кое учествувале повеќе од 75.000 жени.
Учесниците од двете истражувања во 80-тите години од минатиот век придонеле за детални податоци за својата исхрана.
Витаминот Д во организмот се создава преку сончањето, но научниците не можеле да одредат колкава била изложеноста на сонце на учесниците.
Тој витамин се наоѓа во лососот, туната и другите масни риби и веќе по вообичаена традиција се додава во млекото.
Стручњаците предлагаат конзумирање на 400 единици на витамин Д за луѓе од 50 до 70 години и 600 за постари од 70 години, но помала доза за младите луѓе.
Во мултивитаминските препарати често се додава ретинол покрај витаминот Д поради зајакнување на коските, но се покажало дека ретинолот го ублажува делувањето на витаминот Д против ракот на дебелото црево, посочил др. Скинер.
Ракот на дебелото црево е релативно редок облик на карцином и учествува со само 2% во новите случаеви на рак.
Тој, меѓутоа е, екстремно смртоносен – четврти најсмртоносен рак во САД. Се прогнозира дека ракот на дебелото црево оваа година ќе биде дијагностициран кај 33.700 американци, од кои 32.300 ќе умрат.
Не постои тест за рано откривање на тој карцином. Рани симптоми се неудобност која укажува јасно на таа болест, како што е лошо варење.
Одредени симптоми, како што се жолтилото на кожата, обично не се појавува се додека ракот не се прошири и кога на пациентот му остануваат само неколку месеци живот.