Пет видови на дебелина и нејзините причини

Ако Дебелината се дефинира како медицинска состојба која се карактеризира со вишок на масти акумулирани до степен да имаат негативно влијание врз здравјето, многу ретко се вели дека постојат голем број на различни видови на дебелина.
Науката дефинирала пет вакви состојби, а секоја од овие состојби предизвикана е од различни фактори.
Преку анализирање на сопствените проблеми на овој начин, можно е точно да се утврдат причините за дебелината и директно да се пристапи кон решавање на проблемот.
1. Дебелина како последица од неквалитетна исхрана
Воедно и најчестиот вид на дебелина во светот, која е резултат на конзумирање на нездрава храна која содржи премногу калории и внес преку исхраната на големи количини на прости шеќери.
Како решение на овој вид на дебелината се наметнува намалување на исхраната и активирање во физичка смисла.
2. Дебелината предизвикана од ментални причини
Вториот вид на дебелина обично има психолошки причини, предизвикани од стрес, анксиозност и депресија.
Често овие состојби се “омекнуваат” со бонбони или колачи, што е уште еден голем проблем.
Вежбањето е докажано како одличен начин за справување со стресот и други проблеми од сличен тип, па вежбање се препорачува за овој тип на дебелина.
3. Дебелина предизвикана од хормони и седечки стил на живот
Долго седење во комбинација со одреден хормонален дисбаланс може да се должи од фазата на адолесценција или менопауза, често може да резултира со акумулација на прекумерни масти во областа на задникот и бутовите.
Во овој случај, се препорачува избегнување на долго седење, вежбање со тегови и задолжителен престанок на цигари и алкохол.
4. Дебелина предизвикана поради слаба венска циркулација
Лица кои имаат проблеми со нозете, како делови од телото каде се акумулира најголем дел од масните наслаги, всушност имаат проблем со слаба циркулација на крвта низ овие екстремитети.
Тоа е генетски наследна тенденција за дебелеење на овие делови на телото, па решението лежи во стимулирање на циркулацијата на крвта низ вежби како што се трчање, степер и други слични вежби.
5. Дебелина предизвикана од неактивен начин на живот
Луѓето кои живеат неактивен живот, особено оние кои претходно имале некои активности, се погодени од овој тип на дебелина.
Како што обично се прави кај зголемена телесна маса, која треба да се реши со мудар пристап, посебно се препорачува забрзување на метаболизмот преку почести но помали оброци.
Само треба исхраната добро да се регулира и да се вклучат физички активности за додатно топење на калории.