Пет Тибетанци – Јога вежби за подмладување

Пет Тибетанци е една од најпопуларните и најосновните јога вежби.
Овој традиционален ритуал на јогата е одличен начин за брз физички или духовен тренинг развиен од страна на тибетските монаси.
Вежбите се едноставни се изведуваат дури и во канцеларија, хотелска соба и бања.
Се што ви треба е неколку минути време и место само колку да можете да направите замав со рацете околу себе. Пет Тибетанци може да се користи и како вежба за загревање.
Вежба 1
Застанете исправено и испружете ги раце во висина на рамото. Раширете ги колку што можете повеќе и вртете се во место 21 пати, правејќи мали чекори.
Горниот дел од телото од колковите мора да биде крут, само нозете се движат. На крајот на оваа вежба ќе чувствувате малку вртоглавица.
Вежба 2
Легнете на грб и испружете ги рацете на подот.
Притиснете го подот со рацете и прстите додека ги кревате нозете исправено со прстите кон навнатре а истовремено го кревате горниот дел од грбот и главата.
Вежбата ги истегнува мускулите на нозете и ги затегнува стомачните мускули. При подигање на нозете и главата вдишете.
Вежба 3
Клекнете на подот со свиткани колена. Исправете го торзото со рацете опуштени, така што дланките да бидат по страна на колковите.
Раздвижете ја главата надолу така што целосно ги истегнувате мускулите на задниот дел на вратот.
Потоа придвижете ја главатакон назад, исфрлајќи ги колковите и колку со главата одите кон назад со рацете притискајте ги и исфрлајте ги колковите.
Вежбава служи за истегнување на вратот и стомачните мускули. Вдишете секој пат кога главата ја движите наназад.
Вежба 4
Седнете на подот со нозете расширени 20 см. Грбот исправен, рацете на подот со прстите напред.
Навалете ја главата надолу, а потоа подигнувајте ги колковите се додека торзото не биде во хоризонтална положба.
Оваа вежба ги протега мускулите на грбот, стомачните, бутните мускули а одлична е и за снага на нозете и рамената. Секој пат кога се подигате вдишете.
Вежба 5
Направете позиција како за склекови, но со рацете поблиску до нозете, така што колковите да бидат подигнати. Нозете да бидат рамни со стапалата на подот.
Рацете се во линија со торзото а лактите блиску до увото. Спуштајте се кон доле со испружени нозе, виткајќи ги рацете, така што градите и трицепсите вежбаат, а потоа истегнете се напред, виткајќи го грбот така за да се истегнат стомачните мускули и мускулите на вратот.
Инаку оваа вежба е добра за стомачни мускули и зајакнување на флексибилноста на горниот дел од телото. Кога одите на позицијата “куче” задолжително вдишете.
Совети и забелешки
• Секое движење, повторете го максимум 21 пати
• Во зависност од вашата кондиција и здравје почнете со саканиот непарен број на повторувања
• Вежбите повторете ги од 1-5 пати
• Легнете, да се одморите и да се релаксирате по една минута по секој сет.
Вежбата пет Тибетанци е одлична вежба за оние кои немаат многу време за вежбање и фитнес. Имајте на ум дека целта на овој ритуал е со малку вежби да останете во форма.