ПИЛАТЕСОТ- ИДЕАЛЕН ЗА РАМЕН СТОМАК

Пилатесот не е само вежба, тоа е серија на контролирани движења кои го ангажираат телото и умот, и се работат под надзор на професионални тренери и што е многу важно, не се придружени со здравствени ризици како што се повреди и преоптоварување.
Пилатесот може да биде додаток на други форми на вежби за одржување на форма, но има и пилатес вежби за искусни и истренирани вежбачи.
Безбедно можете да го вежбате дури и бремени жени, бидејќи може да им помогне да научат правилно дишење, подобрување на концентрацијата но и да ја вратат својата фигура и тонусот на телото по бременоста.
Торзото, односно мускулите на стомакот, грбот се во центарот на пилатес инструкторот а вежбите за мускулите на рацете и нозете се дополнителни вежби.
Пилатесот е идеален ако сакате да добиете рамен стомак. Пилатесот денес има многу варијанти, но бидејќи оригиналните елементи се скапи, обично се вежба на простирка на подот.
Кога станува збор за едноставни и помалку скапи елементи, пилатесот може да се прави со помош на голема топка која што може да служи како ослонувач и која што дополнително ги балансира мускулите и придонесува за еластичност.
Постојат различни видови на пилатес и обично се комбинација на вежби најблиску до јогата и се нарекуваат Power Pilates или Power Yoga .
Најголемата разлика помеѓу јогата и пилатес вежбите се гледа во начинот на дишење и во двата случаи е важно следново: кај јогата се дише исклучиво преку носот а кај пилатесот се дозволува и дишење на устата.
Дишењето кај овие вежби е важно, бидејќи помага во продолжена контракција на мускулите, а со тоа и подобра форма и јачина.
Освен дишењето, основните принципи на Пилатес се прецизност, точен след и континуирани движење, концентрација и контрола.
Флексибилност и цврстина
Пилатесот систем на вежби е фокусиран на зголемување на флексибилноста и силата на мускулите без кревање тегови.
Поради тоа не е необично што првите фанови на пилатесот беа балетски уметници, меѓу кои и познатата Марта Греам.
Денес ова е омилена форма на вежбање на многу ѕвезди кои се грижат за нивниот изглед и кондиција.
Кога ќе се вежба во салата или фитнес центар, вежбите може да се работат на специјално дизајнирани машини, но и без нив, лежечки, седечки или стоечки на подот.
Исто така, вежбањето може да се научи и да се вежба дома додека сте сами, но се препорачува да се вежба со пилатес инструктор, кој ќе ве научи на правилна техника на дишење и изведување на вежбите.
Оваа форма на вежбање, со оглед на релативно низок интензитет, одлична е за оние кои сакаат да постигнат еластичност, квалитетно држење и долг вретенест облик на мускулите, без прекумерно потење и не е погоден за оние кои првенствено се грижат за губење на тежината.
Зотоа, сепак, треба да се позанимавате со вежби со појак интензитет на вежбање, особено кардио вежби а најдобри резултати се постигнуваат со комбинација на кардио вежби и пилатес.