Пилинг за лице и тело

Пилинг за тело се прави за време на туширање и се нанесува на влажна кожа. Пред да се истуширате или избањате треба да направите пилинг.
Пред да намачкате крем за лице или тело крем треба да направите пилинг.
Запомнете дека вашето тело има потреба од секојдневна нега.
Ако сакате вашата кожа да дише и да биде сјајна, практикувај те даправите пилинг, го нанесувате на влажна кожа на лицето и телото а потоа се бањате со купка така вашата кожа секогаш ќе биде свежа.
ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ
Пилинг од мед
Потребни ви се 2 лажици мед, сок од половина лимон и 1 лажица трици. Загрејте ја смесата и нанесете ја на лицето.
Оставете да отстои половина час и исплакнете со топла вода. Овој пилинг маска е совршен за сува кожа.
Ја освежува кожата на лицето и благодарение на триците ја регенерира.
Пилинг од морков и овесни снегулки
Изрендај те еден голем морков и додадете половина лажици мелени овесни снегулки.
Нанесете ја оваа смеса на лицето и оставете да отстои 20 минути потоа измијте со топла вода.
Пилинг од малини
Потребна ви е една рака зрели малини. Изгмечете ги и додадете лажичка павлака и една лажичка шеќер.
Нанесете на лицето и масирајте со него. Оставете да отстои 10 минути и исплакнете со топла вода.
Пилинг од кафе
Идеалниот природен пилинг е кафе. Нанесете го рамномерно на чиста, влажна кожа на лицето. Оставете додека не се исуши.
Исплакнете го лицето прво со топла, а потоа со ладна вода.
Длабински пилинг
За длабински пилинг треба да ја насапуните кожата на лицето и вратот со детски сапун, потоа да земете малку шеќер, и полека да триете над сапунот.
Оставете ја оваа смеса на лицето 15 минути и исплакнете. Оваа чистење се препорачува за мрсна кожа.
ПИЛИНГ ЗА ЦЕЛО ТЕЛО
Пилинг за тело со морска сол
Земете една лажица морска сол и иситнетеја а потоа додадете две лажици мед.
Се нанесува на телото и се остава да отстои пет минути. Измасирајте го целото тело и продолжете со туширање.
Ако редовно го употребувате овој пилинг, кожата ќе ви биде мазна. Морска сол е исто така одличен борец против целулитот.
Пилинг за тело со кафе
Измешајте една лажица кафе со две лажички маслиново масло и една лажичка мед.
Се нанесува на телото, се остава да отстои 5 минути и масирајте го вашето тело во кружни движења. Потоа истуширајте се и вашата кожа ќе стане мека и чиста.
Пилинг од јајца и додатоци
Земете две јајца и одвојте ги жолчките. Од белките направи пена и додадете една лажичка:павлака, мед и кафе.
Измешајте добро и нанесете на лицето, вратот и телото. Измасирајте го вашето тело и оставете го пилингот да стои 20 минути. Овој пилинг ќе ја направи вашата кожа свежа и затегната.
Пилинг за тело со шеќер
Ви се потребни 3 лажици кафеав шеќер и една лажица маслиново масло. Измешајте добро и додадете лажичка цимет.
Се нанесува на телото, го оставете 5 минути, а потоа масирајте со кружни движења. Потоа се туширате со топла вода.