Пилинг за лице пожелно е еднаш неделно!

Пилинг на лице е препорачливо да се направи најмалку еднаш месечно, а пожелно е еднаш неделно.
При пилингот на кожата се остранува површинскиот изурен слој од клетки, а новите клетки ја подмладуваат кожата.
Со пилингот всушност се постигнува регенерација на епителот на кожата на лицето.
За таа цел се користат различни препарати и нив треба да ги нанесуваме на чисто лице, да се втријува со благи движења, без да се зафати чувствителниот дел околу очите.
Состојки:
150 гр Пченични трици
1,5 дл Јаболков оцет и
0,5 дл Вода
Подготовка:
Триците треба да се потопат во јаболков оцет предходно разблажен со вода.
Употреба:
Со добиената паста добро се трие предходно измиеното лице. Се трие со фротирска ракавица. По деталното чистење лицето измијте го со топла вода.