Пилинзи за лице и тело

Пилинг за тело се прави во текот на туширање и се нанесува на влажна кожа. Пред да се избањате прво треба да направите пилинг.
Пред намачкате крем за лице и тело треба да направите пилинг.
Запомнете дека вашето тело му е потреба секојдневна нега.
Ако сакате вашата кожа да дише и да биде сјајна, практикувај те да правите пилинг, да нанесувате маска на лицето и телото за да бидете свежи.
ПИЛИНЗИ ЗА ЛИЦЕ
Пилинг од мед
Ви се потребни 2 лажици мед, сок од половина лимон и 1 лажица трици.
Загрејте ја смесата и нанесете ја на лицето.
Оставете да отстои половина час и исплакнете со топла вода.
Овој пилинг маска е совршен за груба кожа. Ја освежува кожата на лицето и благодарение на триците ја регенерира.
Пилинг од моркови и овесни снегулки
Изрендај те еден голем морков, додадете половина лажица мелен овес.
Нанесете на лицето, се остава да отстои 20 минути и измијте со топла вода.
Пилинг од малини
Потребен ви е грст зрели малини. Изгмечете ги и додадете лажичка павлака и една лажичка шеќер.
Нанесете ја смесата на лицето и измасирајте го лицето.. Оставете го да отстои 10 минути и исплакнете со топла вода.
Пилинг од кафе
Идеален природен пилинг е кафето. Се нанесува еднакво на чиста, влажна кожа.
Оставете го на лицето додека не се исуши. Исплакнете го лицето прво со топла а потоа со ладна вода.
Длабински пилинг
За длабински пилинг треба да насапуните кожата на лицето и вратот со децки сапун а потоа да земете малку шеќер и полека да масирате над сапунот.
Оставете на лицето 15 минути и исплакнете. Овој пилинг се препорачува за мрсна кожа.
ПИЛИНЗИ ЗА ЦЕЛО ТЕЛО
Пилинг за тело со морска сол
Земете една лажица морска сол и иситнете ја а потоа додадете две лажици мед.
Се нанесува на телото и се остава да отстои пет минути. Измасирајте го целото тело и продолжете со туширање.
Ако редовно го користите овој пилинг, кожата ќе ви биде мазна. Морската сол е исто така одличен борец против целулитот.
Пилинг за тело со кафе
Измешајте една лажица кафе со две лажички маслиново масло и една лажичка мед.
Се нанесува на телото, се остава да отстои 5 минути и се масира телото во кружни движења. Потоа истуширајте се и вашата кожа ќе стане мека и чиста.
Пилинг за тело од јајца и додатоци
Земете две јајца и одвоите ги жолчките. Од белците направете пена и додадете една лажичка: павлака, мед и кафе.
Добро се меша и се нанесува на лицето, вратот и телото. Измасирајте го вашето тело и оставете го пилингот да стои 20 минути. Овој пилинг ќе ја направи вашата кожа свежа и затегната.
Пилинг за тело со шеќер
Ви требаат 3 лажици кафеав шеќер и една лажица маслиново масло. Измешајте добро и додадете лажичка цимет.
Се нанесува на телото, оставете 5 минути а потоа масирајте во кружни движења. На крај се туширате со топла вода.