Поклонете му баланс на вашето тело – Вежбајте јога

Јогата и хиндуизмот имаат заеднички корени, па често нејзиното применување се поврзува со верски обреди. Како и религиите, јогата се базира на етичките параметри, кодексот на однесување со утврдени обичаи и ритуали.
Сепак, многу стручњаци се согласуваат дека јогата не е поврзана за било која религиозна традиција и луѓето кои вежбаат јога не се само Хиндусите. Нејзината примарна цел е баланс помеѓу телото и умот.
Јогата и медитацијата го зајакнуваат вашето тело и ум обезбедувајќи ментален мир на умот и психичка сила, помагаат во борбата против разни болести.
Јогата е едно од најголемите богатства на древна Индија. Зборот јога значи “да се обединат”.
Во оваа смисла, тоа е вежба за морална и ментална нега, и култот кој обезбедува добро здравје (аrogya) и долговечност (chirayu), потполно чиста дисциплина со која се постигнува кулминацијата на вечна среќа и мир.
Јогата е многу повеќе од вежбање, релаксација и вежби за дишење,со кои се одржува психофизичката состојба.
Јогата е начин да научиме како кон нашето тело и духот да се однесуваме со љубов и почит; практичен психолошки тренинг (kriya yoga), која ни овозможува да се воспостави соодветниот контакт со себе.
Постојат многу заблуди кои фрлија сенка на проучувањето на јогата. Некои луѓе ја доживуваат како еден вид на црна или бела магија. За некои тоа е многу опасен тип на вежба кои ја практикуваат само оние кои се одрекуваат од светот.
Што навистина претставува јогата?
Со практикување на јога го избирате патот со кој му одите во прегратка на животот.
Јогата е наука зада се осознаеме самите себеси, ментална дисциплина со која го прочистуваме умот од ниските вредност, и ги негуваме само најблагородните вредности.
Значајна е за сите луѓе, независно од нивниот социјален статус, пол или верувања.
Корисна е за сите луѓе, верници или атеисти, здрави или болни, млади или стари. Јогата може да ја практикуваат и децата.
Непостои најсоодветна возраст кога да се започне оваа психо-физички вежба. Важно е да започнете и повеќе не ќе сакате да престанете.
Од каде потекнува?
Јогата потекнува од античките Веди-индиски свети книги. Ведите се пренесуваат усно со векови како приказни и песни.
За прв пат се евидентирани меѓу 1000 и 3000 година п.н.е. Во Ведите, јогата е една од шесте системи на еднаква вредност, кои се опишани како различни начини да се доживее искуство.
“Песна Господова” (Бхагавад Гита) се пренесувала усно и во писмена форма, со цел да им помогне на луѓето полесно да ја разберат и да да ја практикуваат јогата.
Тоа е дел од Светиот еп Махабхарата. Во “Господовата песна” господ бог Кришна како божествена инкарнација, опишува како правилно да се живее, покажувајќи на различни патеки за само-реализација со помош на јога.
Во овие патишта се вбројува jnana јога, bhakti јога, карма јога и Раџа јога.
Јогата и Медицината
Покрај тоа што има задача да ги доведе во рамнотежа на телото и умот, јогата е начин на лекување на многу болести, вклучувајќи астма, артритис, срцеви заболувања, сида, зависности од цигари,алхохол,дроги,стареењето…
Јогата го зајакнува ‘рбетот и му дава потребната флексибилност. Зглобовите стануваат мобилни и цврсти, додека мускулите се флексибилни, јаки и опуштени. Телото изгледа витко и привлечно.
Јогата има позитивен ефект на варењето на храната. Со вежбањето, телото губи калории додека чуството на глад се нормализира.
Исто така е добра за срцето и циркулацијата на крвта, а особено за подобрување на имунитетот и смирување на нервниот систем.
Ја поттикнува концентрацијата и правилното дишење. Одлична е за борба против стресот.
Вежбајте со нас! Поздравете го сонцето (suuya namaskar)
Сончевиот циклус е серија од 12 јога пози (асани), кој со серија на движења (Vinyasa) се слеваат од една позиција во друга.
Така се опфаќа целата јога. Сериите може да се изведуваат бавно за да се смири телото или брзо со цел да се постигне ефектот на аеробик.
Вежбите на почетокот се изведуваат три пати, и како што телото се прилагодува на движењето, така постепено се зголемува бројот на повторувања.
1. Застанете исправено. Стапалата треба да бидат паралелни, мускулите на нозете затегнати, торзото подигнато и опуштено, исправен врат, рамената раширени, опуштено лицето и очите, главата избалансирана. Градите исправени-дланките споени.
Дишете полека и свесно вдишувајте, па издишувај те, со што дишењето треба да биде изедначено.
2. Преклопете ги палците и рацете истегнати ги право напред, а потоа подигнете ги над главата.
Рамениците опуштет ги и оддалечете ги од ушите. Земете воздух, потоа погледнете нагоре, кренете ги градите нагоре превиткувајќи се наназад.
3. Додека до колковите се наведнувате напред, нежно издишете. Опуштете се и дишете.
4. Спуштете ги дланките на подот. Испружете голевото стапало до крај,испружете ја левата нога и со левото колено допрете го подот.
Десното колено е свиткано под прав агол, бедрото паралелно со подот. Погледне нагоре и вдишете.
5. Сега вашата десната нога испружете ја паралелно со левата. Подигне ги колковите повисоко. Издишете рамномерно.
6. Со свиткани колена спуштете ги брадата и градите до подот. Телото е во цик-цак позиција.
Се потпирате на подот со прстите на нозете, колената, градите, рацете и брадата. Колковите се малку покачени. Издишете целосно.
7. Сега, се потпрете на своите дланки, повторно вратетте се во положбата 5, високо издигнати со колковите, рацете и нозете го задржувате телото. Дишете рамномерно.
8. Десната нога испружете ја напред до стартната позиција, во која десното стапало се наоѓа помеѓу дланките, а со левото колено го допирате подот.
Подигнете ги градите, погледнете нагоре и вдишете.
9. Левата нога придружете ја кон напред кон десната. Сега ја имате достигнато позицијата 3 – стоите потпрен нанапред. Бавно издишувате.
10. Затегнете ги нозете, рацете испружете ги кон напред. Палците превиткајте ги и истегнете ги рацете кон горе.
Надлактиците ќе бидат во висина на вашите уши. Опуштете ги рамената.
Вдишете и како рацете и нозете да ви се стрелките на часовникот, подигнете ги вашите раце, торзото нанапред и грбот исправен.
11. Целото тело се протега кон нагоре, кренете ги градите, погледот усмерен кон горе, вдишете како во положбата број 2.
12. Циклусот завршете го со спојување на дланките во средината на градниот кош. Издише те.