Помирувачкиот секс е ист како зависност од кокаин !!

По бурна караница голем број парови се смируваат во спалната соба, но токму решавањето на недоразбирањата и проблемите со секс е исто како и шмркање кокаин – тврди клиничкиот психолог, д-р Сет Мејерс.
Паровите се впуштаат во помирувачки секс затоа што тоа им овозможува врвно уживање, но тој акт воопшто нема да ги реши проблемите.
По караницата и силните негативни емоции, сексот овозвможува брзо и едноставно решение кое вообичаено не би било можно да се изнајде.
Паровите на тој начин сакаат набрзина да прескокнат цела скала на емоции и да се чувствуваат прекрасно, а токму тоа го прават и зависниците од кокаин – тврди д-р Мејерс.
Иако голем број психолози тврдат дека помирувачкиот секс е добар, бидејќи овоможува поврзување на интимно ниво и додека на партнерите им е тешко, д-р Мејерс истакнува дека вистинската интимност доаѓа од врамнотежена врска, а не од „кинењето на алиштата“.
Во тешките моменти паровите би требало добро да размислат, па и да направат пауза, ако е тоа навистина потребно – пренесува Дејли Мејл.
„Ако се најдете сред сексуален чин, а Вие се чувствувате збунети, лути или тажни, нежно повлечете се и објаснете му на партнерот дека сакате да престанете и да продолжите подоцна.
Овие моменти можат да бидат навистина тешки и непријатни, но доколку сте искрени кон себе, ќе можете да спречите проблемот да стане уште поголем“ – советува д-р Мејерс.