ПОРТОКАЛОВ КРЕМ ПРОТЕИНСКИ ШЕЈК

Пенест, свеж крем пијалак готов за 5 минути кој можете да го конзумирате како Енергетски појадок или како шејк за послем тренинг.
Само една чаша содржи 37,7 гр грама протеини, плус здрава доза на витамин Ц и калциум.
Време на подготовка: 5 минути.
СОСТОЈКИ
2 мерици протеин Ironmaxx 100% Whey Protein со вкус на ванила
1/2 чаша незасладено бадемово млеко
1/2 чаша вода
1 чаша замрзнат сок од портокал
1/2 замрзната банана
1 лажичка мед
3-5 коцки мраз
1 кришка изрендана кора од портокал или лимон (по избор)
ПОДГОТОВКА
1. Во блендер изматете се заедно додека смесата не се изедначи.
2. Додадете мраз и украсете со кора од лимон, портокал или грејфрут.
НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ
• 415 калории
• 5 гр масти
• 69 гр јагленихидрати
• 260 мг натриум
• 5 гр влакна
• 37,7 гр протеини.