Потење – непријатност при поголеми напори

Седењето на топлото лето сонцето, вршење на физички активности, гимнастика или презентација на работа, се сите активности кои предизвикуваат потење. По вакви напори е природно и здраво да се потите.
Кога сте изложени на силна топлина, а вршите тешка физичка работа или сте изложени на екстремен емоционален стрес може да изгубите и еден литар течност – пот за еден час.
Понекогаш сложениот механизам на потењето може да биде нарушен или како интензивно потење или со престанок на потење.
Прекумерното потење може да биде многу непријатно и може да доведе до посериозни здравствени проблеми.
Сепак, за повеќето луѓе, потењето е само мала непријатност, непријатниот мирис кој следи после потењето е повеќе вознемирувачки. Иако потта во основа е без мирис, може да добие непријатна миризба во контакт со бактериите на кожата.
Здравите луѓе нормално се потат, но како, каде и кога тоа варира од личност до личност. Фактори кои кај многу луѓе предизвикуваат потење се: физичка работа и вежбање, топло време, нервоза и стрес.
Потењето предизвикано од емоции обично се појавува на лицето, под пазувите и на стапалата, но колку ќе се потите зависи од расположението, на некои видови храна и пијалоци, лекови и здравствената состојба и хормоналниот статус.
Некои луѓе имаат наследена тенденција интензивно да им се потат дланките и стапалата.
Невозможно е да се утврди што е нормално потење, бидејќи варира од личност до личност, па затоа е потребно секој да се познава себеси за да може да ги забележите невообичаените промени.
Кога почнува да се зголемува температурата на телото, нервниот систем ги стимулира потните жлезди да лачат течност на површината на кожата, каде оваа течност испарува.
Потта е составена од вода и соли воглавном натриум хлорид, и траги од електролити кои содржат супстанции кои помагаат да се регулира балансот на водата во телото.
Многу фактори влијаат на тоа колку се потите, па дури и тоа како вашата пот мириса:
• Некои видови храна и пијалаци. Пијалоци кои содржат кофеин и алкохол како и премногу зачинета храна.
• Лекови кои предизвикуваат прекумерно потење се некои антидепресиви, морфиум, големи дози на тироксин-хормон на тироидната жлезда, како и прекумерни дози на аналгетици.
• Хипогликемија, намален износ на шеќер во крвта, на пример, кога шеќерот во крвта паѓа под нормалните граници што често се случува кај луѓето кои имаат дијабетес и земаат инсулин или лекови кои го стимулираат лачењето на инсулин. Раните симптоми се потење, тресење, слабост, глад, гадење и вртоглавица.
• Како резултат на треска со зголемена телесна температура, кога температурата ќе почне да паѓа можно е интензивна потење, што е знак дека телото се бори со покачена температура.
• Хипотироидизам, кога тироидната жлезда претерано го произведува хормонот тироксин може да предизвика повеќе симптоми, вклучувајќи губење на тежината, брзо чукање на срцето, нервоза и зголемена чувствителност на топлина, што предизвикува многу повеќе потење.
Намалено потење или без потење
Многу луѓе се загрижени за прекумерно потење, но екстремно слабото или без потење е состојба која може да биде опасна по живот.
Причините за оваа состојба може да се :некој видови на лекови (антидепресивите може да влијае на функционирањето на потните жлезди), болести на автономниот нервен систем кој може да влијае на функционирањето на потните жлезди и тешкотии во остварувањето на нормалната телесна температура, инфекции на поттните жлезди, изгореници, дехидрација, топлотен удар во кој се изгубени функции на телото за намалување на температурата на телото.
Како можете да си помогнете себе си да го намалите потењето и да ги отстраните непријатните мириси на телото:
-Секојдневно туширајте се што им оневозможува на бактериите оставени на кожата да бидат сведени на минимум.
Изберете чорапи и чевли изработени од природни материјали, кожни чевли помогаат против потење на нозете бидејќи им овозможуваат на стапалата да дишат.
-Често менувајте ги чорапите. Исто така, облеката од природни материјали како што се свила, памук, волна, и овозможува на кожата да дише.
Препаратите против потење нанесувајте ги навечер, изберете препарати без мирис.
-Антиперспирантите функционираат така што ги блокираат на излезните потни канали со алуминиови соли па така ја намалуваат количината на пот која излегува на површината на кожата.
-Дезодорансите не го сопираат потењето, но кожата станува покисела што им одговара на бактериите.
Антиперспирантите често ја иритираат кожата, додека дезодоранси помалку ја иритираат, особено оние во стик и врз основа на растителни екстракти.
-Обидете се да ги користите техники за релаксација, како јога или медитација, бидејќи тие можат да ви помогне да се контролира стресот кој е често иницијатор на прекумерно потење.
-Сменете го начинот на исхрана, избегнувајте пијалоци кои содржат кофеин, црна и бела боја и газирани пијалоци.