ПОТИСОК НА МАШИНА ЗА ГРАДИ (MACHINE CHEST PRESS)

Мускулите на кои вежбата примарно делува: средни градни мускули (middle pectoralis major)
Секундарни мускули кои учествуваат во извршување на вежбата: anterior deltoid, triceps
Кога да ја правите оваа вежба? – На почето на тренинг на градните мускули
Седнете на уредот и потпрете ги нозете на подот. Грбот е исправен.
Фатете ги држачите на уредот така што лактите да ви бидат паралелно на подот односно лактите се наоѓаат непосредно зад држачите, во иста линија со држачот на уредот но зад него.
Свиткувајќи ги лактите дозволете на држачите на уредот да се доближат до вашето тело.
Во време кога држачите (рацете) се паралелни со вашите гради (на ниво на градниот кош), за момент застанете, издишете, а потоа потиснете ги држачите напред испружувајќи ги лактите.
Забелешка: бидете сигурни дека градите ви се на повисоко ниво, подлактиците се речиси паралелно со подот и лактите да се точно во рамнина со држачот.
Бидете сигурни дека вашите лакти за време на вежбата не паднат надолу.
Постојат неколку начини да се прими држачот – така да прстите се свртени едни кон други со палците нагоре (неутрален зафат) – подобро го изолира pectoralis -. Или така што прстите се свртени кон подот односно го фаќаме Држачот на уредот со надфат (pronated зафат).
Можеме да го користиме шипка за потесен зафат!