Правете вежби во парови!

Ви презентираме три вежби кои можете да ги правите во парови – поради тоа што во пар е секогаш подобро!
Исчекор со невестата
Подигне ја вашата сакана како да ја носите преку прагот. Потоа, направете исчекор напред, менувајќи ги нозе. Три серии од 12 исчекори треба да бидат доволно во зависност од тежината на вашата сакана.
“Секоја вежба каде е вклучена вашата подобра половина ќе и биде забавна и нејзе и вам”, вели докторот по физикална терапија Грег Попович Бредли.
“На пример, во нашата домашна сала, мојата сопруга седнува на уредот за рамена и ужива во возењето.”
Отпор во бицепс прегиб
Застанете еден спроти друг. Во рацете држите пешкир и нека вашата девојка го фати во средината и правете вежба како (натфат) прегиб со тег.
Пружете доволно отпорност за вежбата да ви биде предизвик, но не и премногу тешка. Направете 3 серии од 10 повторувања на секоја рака.
Ако не сакате да изведувате премногу изолациски движења со вашата девојка, оваа вежба е добра за хемијата во вашата врска.
Стомачни вежби со помош на топка
Нека вашата девојка легне на голема топка а во рацете нека држи помала топка и да ги рашири рацете над главата.
Како да изведува стомачни вежби нека ја фрли топката кон вас.
Фатет ја топката, фрлете и ја назад и повторете. Направете 2 серии од 15 повторувања.
“Девојката го гаѓа својот дечко со топка”, изјави тренерката Рејчел Косгрув: “Која девојка не би го сакала тоа?”.