Првите знаци на бременост

Рана бременост најбрзо и најлесно се детектира со тест за бременост, но постојат неколку суптилни знаци кои укажуваат на бременоста и тоа се најчесто болни и отечени гради и замор.
Замор
Заморот е најчест знак за почетокот на бременоста а тоа е последица на промените кои се случуваат во телото.
Првите недели се многу важни за развојот на фетусоти па телото се оптоварува максимално.
Ако се сомневате дека сте бремени, немој да се обидувате да се разбудите со шоља кафе, туку направете тест за да бидете сигурни.
Прекумерна чувствителност на мириси и вкусови
Мирисите и вкусовите кои не ви се пријатни, како и вкусот на млекото или чадот од цигари, ќе ви станат уште повеќе непријатни.
Познато е дека во раните фази од бременоста осетот за вкус е крајно чувствителен, дури и најмал мирис на храна.
Ако почне да ви пречи мирисот на вашиот омилен парфем, можете слободни да претпоставите дека сте бремени.
Гадење и повраќање
Чувството на гадење и повраќање се сигурни симптомите на рана бременост. Ако досега не се посомневавте, купете си тест.
За среќа, мачнините стивнуваат по 12 недели, но тоа не значи дека ќе ги чувствувате цело време.
По правило гадењето е позитивно, бидејќи го зголемува нивото на бета – ХЦГ хормонот.
Чувствителни гради
Ако градите почнуваат ненадејно да ви растат и стануваат чувствителни и ве болат на допир, тоа е често показател дека сте бремени.
До овие промени доаѓа во период од шест дена до шест недели од зачнувањето.
Болни и осетливи гради се нормална и присутна појави во текот на раната бременост.
Ако жената веќе била бремена, интензитетот на оваа болка може да варира во секоја бременост.