Преглед на најпопуларните суплементи за здравје на зглобовите

Човечкото тело има повеќе од 100 зглобовите, кои се секојдневно изложени на голем стрес.
Напорните спортски тренинзи со тежини, прекумерна телесна тежина, седечки начин на живот, погрешно држење на телото, разни видови на спорт и рекреација кои ги оптоваруваат зглобовите, се главните причини за оштетување на зглобовите.
За жал, додека тие се здрави и обезбедуваат безболни движења не им обрнуваме премногу внимание.
Но, ако правилно не ги храниме и чуваме со текот на времето, порано или подоцна ќе се појават симптоми како знаци на оштетување на зглобовите, како што се болка за време на движење, оток и тензија на мускулите.
Со текот на годините некако прифатливо е дека нашите коски и зглобови стануваат послаби и чуствителни, но една неодамнешна студија спроведена од страна на британските научници покажа дека зглобовите стареат побрзо од другите делови на телото.
Така, просечниот човек има зглобови 12 години постари од нивната вистинска возраст, според една студија спроведена на околу 13.000 луѓе.
Кога станува збор за додатоци во исхраната и разни додатоци сме доста склони кон многу внимание и пари да се инвестира во она што ќе помогне во зголемување на чистата мускулна маса, намалување на мастите и зголемување на енергијата и тешко некој дека ќе обрне внимание на оние производи кои ни помагаат во зачувување на здравјето.
Но, еден од главните додатоци во исхраната на спортистите кој не е пожелно да се изостави од секојдневно консумирање е формулата за заштита и обнова на зглобовите која ни е неопходна ако секојдневно се изложуваме на различни физички напори.
Пазарот денес нуди цела колекција на различни препарати за зајакнување и регенерација на коскено-зглобниот систем затоа треба да бидете многу внимателни околу изборот на самиот производ, како и во изборот на брендот.
Ако еднаш одлучите да им помогнете на вашите зглобови со некои суплементи, постојат неколку состојки кои треба да бидат земени во предвид.
Глукозамин сулфат е природно присутен аминомоносахарид кој настанува во човечкото тело од глукоза и L-глутамин и е клучна компонента на посложените соединенија гликозаминогликани и гликопротеини кои се важни компоненти на сврзното ткиво.
Исто така е неопходен за реконструкција и одржување на сврзните ткива, особено на ‘рскавицата и лубрикант на течности во телото.
Конечниот облик на глукозамин е Н- ацетил глукозамин, кој заедно со глукуронската киселина ја прави хијалуронската киселина, течност која “ги подмачкува” зглобовите.
Во прилог на компонента на хијалуронската киселина, глукозаминот исто така го помага вградувањето на сулфурот во ‘рскавицата.
Покрај тоа, ја осигурува ‘рскавицата со еластичност и способност за апсорпција на удар и ја чува од оштетување.
Индустриски, глукозаминот произлегува од хитин, главната компонента на лушпите од морски школки и ракови а во суплементите глукозаминот доаѓа во две форми – глукозамин сулфат и глукозамин хидрохлорид.
Двете форми се многу слични по своите дејствија но хидрохлоридот е многу поефикасен, бидејќи е побогат извор на глукозамин (содржи повеќе проценти чист глукозамин хидрохлорид во 83% а во сулфатот содржи 65%).
Со цел да биде ефективен потребно е да се конзумира 1500 мг на ден, во тек на најмалку еден месец.
КОНТРОИДИН СУЛФАТ
Кондроитин сулфат е сложен јаглехидрат (гликозаминогликан) кој се наоѓа во сврзното ткиво на сите цицачи.
Се синтетизира од бета-Д-глукуронската киселина и Д- Н бета ацетил галактозамин. Во телото создаваат клетките на ‘рскавица – хондроците.
Во зглобната ‘рскавица Контроидинот има неколку важни улоги: го осигурува создавањето на синовијалната течност во зглобовите а со тоа ја заштититува структурата на зглобната и врши заштита од механички оштетувања.
Ја штити здравата ‘рскавицата од предвремено пропаѓање, спречувајќи создавање на одредени ензими кои го оштетуваат сврзното ткиво и го неутрализираат ефектот на други ензими кои го спречуваат транспортот на хранливи материи во’ рскавица.
Бидерјќи со непрестајно движење и со тек на годините оваа структура постојано се троши па се обновува, доаѓа до нејзино распаѓање пропратено со болка и отежнатост при движење.
Бројни клинички студии покажале дека намалување на концентрацијата на кондроитин значително придонесува за развој на остеоартритис, но исто и појавата на различни механички повреди на зглобната структура.
Користењето на Хондроитинот сулфат ја зголемува подвижноста кај дегенеративни променети кај зглобовите и го намалува нивото на болка и потребата за примена на нестероидни антиинфламаторни лекови.
Терапевтскиот одговор на нивната примена е постепен а резултатите се појавуваат по неколку недели на редовна примена.
Препорачаната дневна доза е 800-1200 мг а со клинички испитувања не се утврдени несакани ефекти од предозирање со хондроитин.
МСМ
Meтилсулфонилметан или МСМ е природна форма на сулфур пронајден во човечките и други живи организми.
Исто така се наоѓа во сировата храна или но од неа исчезнува поради современиот начин на подготовка на храната при миење и готвење.
Околу половина од органскиот сулфур се складира во мускулите, коските и кожата.
МСМ има многу широк спектар на делување но најважна е способноста за регенерација на сврзното ткиво и можност за отстранување на болката предизвикана од воспаление.
Покрај тоа има многу позитивен ефект за акни, алергии, Алцхајмерова болест, артритис, циркулација, главоболка, мигрена, стрес, болка во мускулите и нормализацијата на имунолошкиот систем.
Во моментов станува се повеќе популарен како решение за намалување на болката, бидејќи е сосема природен и не предизвикува никакви други несакани ефекти.