ПРЕДНО ВЛЕЧЕЊЕ НА ЛАТ МАШИНА СО ШИРОК ЗАФАТ (WIDE-GRIP PULLDOWN)

Мускули на кои вежбата примарно делува: Грбните мускули (особено надворешниот дел)
Секундарни мускули кои учествуваат во извршувањето на вежбата: рамена
Кога се прави оваа вежба? – Во почетна фаза на тренинг на грб.
Фатете ја со горен широк зафат шипката (прстите кон подот) на лат-машината (околу 15 см поширок од ширината на рамената) или точно на местото каде што шипката за раце паѓа кон долу.
Затегнете го долниот дел на грбот и целосно испружете ги рацете.
Поставете ги бутовите под држачот за нозе. Полека повлечете ја шипката надолу и тоа до горниот дел од градите.
При тоа движење (во задна положба) затегнете го грбот што е можно повеќе, односно исправете се и притиснете го latissimusот во последната точка на вежбата така што лактите ќе ги движите надолу и наназад што е можно повеќе.
Под комплетна контрола на мускулите на грбот полека вратете ја шипката во стартната позиција.
Забелешка: При влечењето на шипката не правете нагли движења, ниту премногу не се наведнувајте назад (макс 5-10 степени наназад).
Грбот во текот на целото движењето останува затегнат и исправен.
Кога трупот за време на изведување на вежбата е сосема вертикален на површината (под) ги зафаќа надворешните latissimus додека при поместување на торзото околу 30 степени назад повеќе влијае на внатрешниот долен дел од грбот.