Придобивките од кокосот, кокосовото масло и вода

Кокосовиот орев е плод на кокосовата палма (Cocos nucifera) и спаѓа во дрвенести растенија и е широко распространета во тропските предели, особено на брегот и островите на Пацификот и Индискиот Океан.
Висината на кокосовата палма може да биде 7-30 метри а на нејзиниот врв се наоѓа круната од долги пердувестите листови, чија големина се движи од 3 до 7 метри.
Кокосовиот орев е составен од повеќе слоеви на кои имаме надворешни, влакнести, темно кафеави делови а кокосовиот орев е тврд и на на дното има три дупки, кои потсетуваат на лице на мајмун.
Долг е околу 5 до 20 сантиметри, внатре веднаш зад темната лушпа се наоѓа уште еден слој на густо бело јадро.
После двата слоја доаѓаме до кокосовата празнина во која се наоѓа течноста наречена “кокосово млеко”.
Кокосот се конзумира во неколку форми – сиров, млеко, вода и масло.
Кокосовото масло иако станува збор за заситена маст ( која евсушност лауринска киселина) не е лоша за срцето.
Девственото кокосово масло, за разлика од другите заситени масти, не содржи никаков холестерол ниту пак влијае на зголемување на нивото на холестерол во крвта.
Лауринската киселина која се наоѓа во кокосовото масло, спаѓа во оној тип на масти кои човечкото тело брзо ги апсорбира и ги претвора во енергија.
Ова масло содржи и минерали, како што се железо и цинк, поради својот состав, маслото е многу стабилно, полека оксидира така што има рок на траење подолго од другите растителни масла кои содржат високи нивоа на незаситени масни киселини.
Кокосово масло е богато со лауринска киселина, која е среден синџир на масните киселини и се смета дека оваа киселина е во голема мера одговорна за позитивните ефекти од кокосово масло.
Масло од кокос содржат 50% лауринска киселина, која исто така се наоѓа во мајчиното млеко.
Самата споредба на кокосово масло со мајчиното млеко ни дава слика колку е здраво маслото.
Кокосовото масло исто така има антибактериски својства, лауринската киселина која е присутна во кокосово масло, според некои студии покажуваат значајно делување против грам-позитивни и грам-негативни бактерии, како што се Staphylococcus aureus, Streptococcus spp., Enterobacter spp.
Докажано е дека кокосовото масло содржи фитостероли, кои се наводно одговорни за анти-воспалителни и регенеративни својства на маслото затоа жителите на тропските области го користат за лекување од изгореници или кај оштетени или испукани брадавици кај доилките.
Девственото кокосово масло е богат извор на лауринска киселина, која доколку е биосинтетизирана во телото се претвора во монолаурин-супстанца која е ефикасна против липидни вируси , бактерии и габи.
Ова масло се смета за “најздраво масло во светот.” Тоа е исто така едно од најдобрите масла за готвење и пржење, поради неговата единствена молекуларна структура.
При високо загревање на кокосовото масло, за разлика од маслиновото масло ги сочувува сите свои позитивности и храната останува вкусна.
Кокосово масло, исто така помага на работата на тироидната жлезда и може да се користи за лекување или ублажување на различни здравствени проблеми, како што е на пример, хипогликемија, болки во зглобовите, имунолошкиот систем, ниска телесна температура, дебелина, ПМС, задржување течности / надуеност, нетолеранција на топлина / студ , кршливи нокти, ладни раце / нозе, депресија, раздразливост, нередовна менструација, замор, нарушен сексуален нагон итн.
Кокосовото масло може да ја стимулира работата на тироидната жлезда и да ја зголеми за окулу 20%, така што доаѓа до забрзување на метаболизмот што резултира со губење на тежината.
Докажано е дека кокосот има анти-канцерогено својство и особено помага во кај ракот на дебелото црево и рак на дојкаа.
Сето ова се должи на масло, кое благодарение на неговите карактеристики, единствениот систем за чистење го чисти организмот од инфекции.
Кокосовата вода стана нова спортска вода. Кокосовата вода се наоѓа во кокосот кој сеуште е зелен и не треба да се меша со онаа течност која се наоѓа во внатрешноста на зрел кокос бидејќи течност во зрелиот кокос е вода која се апсорбира во “месото” од кокосот и така дошло до појавата на кокосово млеко.
Консумирање на кокосовата вода има различни предности, покрај што е природна содржи мала количина на јаглени хидрати, масти и шеќер.
Кокосовата вода помага за детоксикација, за борба против вируси, го чисти дигестивниот тракт, го намалува ризикот од рак, го контролира дијабетесот, го зголемува метаболизмот и го подобрува губењето на тежината, итн ..
Тоа е природен изотоничен пијалок, која содржи исто ниво на електролити, како и нашата крв.
Содржи повеќе хранливи материи од полномасното млеко и содржи помалку масти и холестерол, поздраво е од сок од портокал и има многу помалку калории, подобро отколку преработено млеко за бебиња поради тоа што содржи лауринска киселина која е присутна во мајчиното млеко, универзален донатор затоа што е идентична со човечката крвна плазма.
Оваа вода веројатно спаѓа и во најдобрите превенции против мамурлак и е најдобро по пиење на една чаша или две многу пожелно е да се напиете една чаша кокосова вода пред спиење.
Кокосовото масло исто така може да се користи за регулирање на телесната тежина и запек, земете една лажичка (15 мл) три пати на ден, половина час пред јадење.
Во други случаи, можете да го користите во било кое време од денот, може да се нанесете на кожата или косата.
Немојте да го пиете девственото кокосово масло обележано што е за масажа, бидејќи содржи етерични масла, кои се за мирис.
Кокосовото масло може да се користи при готвење и пржење јајца и месо, но исто така можете да додадете една лажичка во шоља кафе или чај.