Природен ботокс за лице од три состојки

Како што времето одминува, така на вашата кожа ќе се појават првите знаци на стареење и замор.
Наместо да купувате скапи креми кои се нудат во различни дрогерии и продавници, направете си маска од природни состојки.
Освен што се состојките по прифатлива цена, оваа маска е неверојатнa бидејќи дава добри резултати.
Потребни состојки:
– 1 лажица густин
– 5 супени лажици свежо исцеден сок од морков
– 1 супена лажица кисела павлака
Начин на подготовка:
Во половина чаша вода се раствора густинот, а потоа го ставате во сад и додадете 100 мл зовриена вода.
Ова треба да се вари на тивок оган додека смесатане стане густа. Потоа, откако смесата ќе се олади, додадете го свежо исцедениот сок од морков и павлаката.
Измешајте се заедно и нанесете ја смесата на чисто лице и оставете да отстои 25 до 30 минути.
Најдобро е пред да ја нанесете маската на лицето, да направите пилинг.
На крајот, маската исплакнете ја со млака вода и на лицето ставете хидратантен крем, додека остатокот од маската ставете го во фрижидер.
За добри резултати, маската ставајте ја на лицето три дена по ред.
Оваа маска добро го хидрира лицето, ги отстранува трагите од умор и брчки, а кожата станува затегната, еластична и мека.