Причини зошто телото произведува лоша миризба?!

Да претпоставиме дека луѓето кои имаат проблеми со мирис на телото, одржуваaт хигиена како што треба, но повторно присутните окулу нив укажуваат на тоа дека покрај нив се чуствува грд мирис.
Ваквата појава е навистина возможна, и е објаснета од цела листа на причини.
Под стрес сте
Верувале или не, постојат неколку типови на пот, од гледна точка на хемиски состојки од кои потта е составена, а најгрд мирис на пот е тој што се ослободува во стресни ситуации.
Овој тип на пот ја лачат апокрините жлезди, а интересно е дека овој тип на пот содржи многу малку вода и повеќе бактерии и дополнителни супстанции од пот што се ослободуваат за време на физичка активност.
Имате колонија на бактерии во стапалата на нозете
Секако стапалата на нозете се совршено живеалиште за бактерии, бидејќи се наоѓаат главно во темница, и се опкружени со влага, и ако на ова додадеме чорапи кои се направени од материјали кои не дозволуваат вентилација …
Причините се јасни. Сепак 10 до 15 проценти од луѓето имаат генетски предодредени со зголемена влажност на стапалата, а со тоа и поголема појави на несакани мириси.
Јаде брокула и сличен зеленчук
Овој многу здрав зеленчук ја зголемува можноста за непријатен мирис на телото поради својот состав.
Дефинитивно не е само лукот проблематичен во овој поглед, брокула, бриселско зелје и друг зеленчук од фамилијата на зелка се обично извори на истите проблеми – мирис на телото.
Имате генетско пореметување наречено Trimethylaminuria
Мутации на специфични гени во одредени околности може да предизвика состојба наречена trimethylaminuria, што предизвикува неспособност на организмот да го уништи хемискиот состав наречен триметиламин.
Оваа композиција е одговорна за мирис како мирис на риба, а се изразува преку здив, урина и пот.
Ако сте пиеле алхолол
Еден од начините да се ослободи алкохол од телото е испарување преку порите и дишењето.
Не е важно каков вид на алкохол пиете затоа што испуштањето на алкохол секогаш дава истиот мирис.
Можеби имате дијабетис
Луѓето со дијабетес обично може да се идентификуваат со сладок мирис на телото.
Интересно е тоа што некои луѓе може да го постигнат истиот мирис со промена на начинот на исхраната со намалување на нивото на внесувањето на храна богата со јаглехидрати и зголемен внес на месо.