Продукти кои одговараат за секој тип на исхрана

Научниците од цел свет, секој ден изнаоѓаат докази за поврзаноста помеѓу консумирањето на одредени видови на храна и подобрувањето на здравјето, без разлика дали се работи за потврдување на мудроста на традиционалните исцелувања или досега непозната поврзаност.
Избравме некои видови на храна, кои најчесто се користат во најновите истражувања, и кои секој може без страв да ги вклучи во сопствената исхрана.
Алги
Се до неодамна морските алги беа скоро непознати во исхраната своствена за нашите краеви.
Меѓутоа, тоа почна да се менува како се шири свеста за чудотворните ефекти на растенијата кои на далечниот исток се користат веќе со милениуми.
Алгите содржат повеќе витамини (особено оние од Б-комплексот) и минерали отколку било која друга храна.
По природен пат ја регулираат работата на штитната жлезда, што значи дека можат многу да помогнат при губењето тежина.
Освен тоа, делотворни се и во лечење на дигестивни проблеми, надуеност и запек, а постојат докази и дека благотворно влијаат на мозочното ткиво, мозочната мембрана, сетилните нерви и рбетниот мозок.
Алгите обично се користат сушени и во мали количини како додаток во јадења или како замена за сол, а позитивност е и нивниот сосем благ вкус.
Маслиново масло
Продукт кој едноставно не смеете да го прескокнете, “кралско” маслои темел на медитеранската исхрана, за која ебезброј пати утврдено дека покрај далеку источната, е најздрава на светот.
Со неодамнешни истражувања е утврдено дека за благотворен ефект на ваквата исхрана одговорни се фитохемикалиите од групата на фенол, кои највеќе ги има во маслиновото масло со највисок квалитет.
Маслиновото масло е незаменлив антиоксиданс, т.е. има позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем, спречува дебелеење, срцев и мозочен удар а исто и покачување на холестеролот и шеќерот во крвта.
Маслиновото масло има и против воспалителни дејства, спречува појава на згрутчување на крвта и уште многу друго.
Зелен чај
Многу неодамнешни истражувања ја потврдија улогата на зелениот чај како јак антиоксиданс богат со флавоноиди.
Веќе долго време се проучуваат неговите антиканцерогени и антибактериски својства, а спрема скорешна спроведена студија го зајакнува имунолошкиот систем и би можел да биде заштита од одредени автоимуни заболувања.
Зелениот чај има и анти воспалително дејство, им помага на заболените од артритис спречувајќи го оштетувањето на ‘рскавицата, а истовремено го одржува здравјето на срцето и нормалниот крвен притисок.
Спрема некои последни студии, би можел да биде полезен и за памтењето како и за заштита од алцхајмеровата болест.
Лук
Нашите дедовци знаеле зошто го јаделе лукот, а неговата делотворност сега ја признава и класичната медицина.
Се работи за природен антибиотик кој содржи калиум, фосфор, калциум, белковини, значителни количини на витамини В, C и други, и уште некои сосем ретки соединенија. Меѓунив е и диалил сулфид, за кој истражувањата покажаа дека може да спречи активност на канцерогени соединенија и да го спречи растот на малигниот тумор.
Освен тоа, лукот исто така го намалува и LDL (штетниот холестерол) и спречува згрутчување на крвта, па така и срцев или мозочен удар, а ефикасен е и при намалување на крвниот притисок, делува како превенција во лечењето на астмата, воспаленија на грлото и симптоми на грип.
Јогурт
Јогуртот и сличните производи (ацидофил, кефир…) се извор на калциум кој многу ефикасно ги штити коските.
Исто така, јогуртот е антибиотик кој го зајакнува имунолошкиот систем и има антибактериско и антиинфекциско дејство.
Јогуртот, особено оној од културата ацидофил (Lactobacillus acidophilus), исто така поттикнува производство на цревната флора и на тој начин ја одржува хигиената на цревата, ја елиминира појавата на лош здив, помага при запек, надуеност, акни и други кожни проблеми.
Додека кај жените во менопауза ја намалува подложноста за вагинални габични инфекции кои може да предизвикаат опаѓање на нивото на естроген.
Брокула
Зеленчук од родот краставици (брокула, кељ, бриселско зелје, карфиол, зелка) се смета за “кралска”, бидејќи таа е многу богата со антиоксиданси и витамин Ц и други флавоноиди, меѓу кои индоли и сулфорафан.
Индолите го спречуваат растот на туморот, особено во градите, а сулфорафанот поттикнува производството на ензими кои можат да се борат против ракот.
Неодамнешнo истражување покажа дека одредени соединенија кои највеќе ги има во брокулата – исотиоцијанати – во голема мера може да им помогнат на луѓето кои се изложени на висок ризик од рак на белите дробови, а се споменува и тоа дека брокулата може да биде ефикасна и во лекувањето на херпес.
Габи Шитаке (Shitake)
Печурките го зајакнуваат одбранбениот систем на организмот, спречуваат раст на тумор, го намалуваат холестеролот, го намалуваат крвниот притисок, спречуваат срцев удар, и многу повеќе.
Тие содржат многу вода, а многу малку масти, јаглехидрати и калории – еден килограм свежи печурки има само 250 калории.