ТОП ПРОЛЕТНИ АКТИВНОСТИ НА ОТВОРЕНО

Пролета е веќе подолго окулу вас, а вие никако да се одлепите од работата и загушливата канцелариа, домот и телевизијата, а пак резервите на енергиа ви се намалуваат ?
Еве ги нашите топ 10 предлози кои со занимливите содржини ќе ви го задржат вниманието, ќе ви даде повеќе сила а пред се ќе ви ја врати енергијата.
БРЗО ОДЕЊЕ е активност за сите оние со малку слободно време. Поведете го партнерот, Најдобриот пријател/пријателка, родителите и тргнете со брзина од 6 км/ч за да повремено успорите, убрзате или лесно да потрчате.
Сем обавезните удобни чевли, понесете со себе вода со која ќе го надокнадите губитокот на течноста.
Брзото одење е добро за срцето,притисокот, го намалува ризикот од дијабетес, мозочен удар, го намалува стресот, го зголемува производството на тестостерон значи ја зголемува сексуалната желба на мажот.
Ја зголемува работната способност затоа што го зголемува снабдувањето на мозокот со кислород.
Водете сметка да не одите брзо по главните сообраќајници или во индустриските делови на градот, подобри се патеките поред морето, езерата, реките или во шумите каде воздухот е чист а одењето задоволство.
ФРИЗБИ е пред се исклучително практичен. Професиналниот фризби е со радиус 20- 25 цм и тежок 175 грама, лесен, може да се собере во секоја торба, а за играње ви е доволен партнер и вашето влакнесто милениче кое среќно ќе трча по него кога еднаш ќе го фрлите.
Сепак, би било згодно понекогаш и вашите пријатели да појдат со вас за да не станете само машина за фрлање затоа што трикот со фризби е во тоа да трчате по него и да го ловите во воздух а песот сепак не може да ви го фрла.
Сами можете да ги одредувате правилата на играта, доволна ви е ливада, плажа или слична отворена површина, ветренце кое ќе го носи фризбито што е можно подалеку за да ги трошите калориите и да го раздвижите секој дел од телото.
Немојте да се заморувате со барање на професиналното фризби, добар ќе биде и оној најобичниот кои ќе послужи за вашиот викенд одмор и за рекреација на свеж воздух.
ПРЕСКОКНУВАЊЕ НА ЈАЖЕ е еден од најдобрите аеробни тренинзи кои помалку ги оптеретува вашите колена од трчањето, реквизитот за него е најефтин кој што можете да го набавите ( јаже ) битно е да е со правилна должина (тоа ќе го рповерите за време на пресконувањето).
Не ви е потребно многу место ( можете да скокате и во сопствениот двор ). Кога бевме деца, прескокнувањето јаже ни била едан од најзанимливите активности а сме заборавиле да го прескокнуваме кога почнавме да седиме во фотеља и така да го помагаме атрофирањето на мускулите.
Застанете со исправено тело, гледајте пред себе и бидете опуштени.
Скокањето на тревната или земјана површина многу помага на амортизациајата на колената, како и доскокот на ножните прсти наместо на петите или на целото стопало.
Не е важно ако во почетокот јажето ви запнува за нозете по некое време ќе сватите дека ова и не е толку тешко, всушност е забавно, и да со петнаесет минути лесно прескокнување, може да потрошите 200 калории.
Натпреварувајте се со пријателите кој може најдолго да прескокнува, кој може да изведува комплицирани вежби и сл. Од едноставна рекреација направете викенд предизвик и забавете се.
ЈОГА. Дишете, замислете пространа ливада, преполна со мирисно цвеќе, тивок топол ветрец…
Повеќе не морате тоа да го замислувате вежбајќи јога во загушлива дворана, искористувајќи го она што ни го нуди пролетта излезете на омилената ливада, во шума, езеро или море, вдишете свеж воздух и вежбајте дишење.
Секако, за јогата би било пожелно да имате некакво знаење, а не неправилно да дишете или да вежбате на своја рака затоа што може да се повредите.
Запишете се на курс, а потоа сами повторујавте го тоа што сте го научиле од професиналец.
Јогата е дисциплина која “ едвај ја чека пролетта “ за да може да вежба во природа.
Имено, во двораните во која иначе ја вежбаме се обидуваме со амбиентална музика и со етерични масла да ја доловиме природата, а сега е доволно само да облечеме удобна облека и да заминеме во околината која најмногу ни овозможува да навлеземе во светот на медитацијата, мирот и опуштеноста.
ПРОШЕТКАТА е секако бесплатна активност со која постарите луѓе нај радо се занимаваат што секао не значи дека младиете ја избегнуваат, но на оние на кои другите активности им се пренапорни, прекомплицирани, прескапи или предалеки, прошетката им е омиленаактивност.
Секаде може да се оди на прошетка, омилено одредиште се парковите а друштво може да биде секој кој го сака бавниот ритам кои нема да го нарушува разговорот, а пролетта е совршено годишно доба; ни премногу ладно ниту претопло за добро шетање.
Нема премногу да се испотите, а ќе ви бидат доволни два часа дневно за психофизичко здравје.
Настојувајте равно да се држите, водете сметка за удобни чевли , а свежиот воздух и умерената активност ќе го сторат своето за кичмата, срцето, зглобовите и мускулите на нозете и грбот.
Ќе се чуствувате по опуштено, а навечер по лесно ќе заспиете.
РАБОТА ВО ГРАДИНАТА (посадете цвеќе) не е јака физичка активност, но докажано смирува, троши калории ,а пред се има позитивно влијание на стресот и срцевите заболувања.
Доколку од било која причина не можете да си дозволите да се бавите со некоја друга активност, сепак одвојте едне час дневно и направете ги да бидат ваша медитација.
Работа во градината посебно препорачуваат лекарите во САД, Англија, Австрија и Германија, а помага кај психолошките болести, лицата со потешкотии во развојот, на постарите лица, луѓето на кои им е потребна рехабилитација после претрпен срцев или мозочен удар, зависниците, инвалидите и хронично болните.
Вас не ви е потребен терапеут или да одите во рехабилитацијска установа ако имате свое парче земја, градина или балкон на кои што можете да ги засадите омилените билки, да ги гледате како растат и да ги негувате.
СПОРТОВИ СО ТОПКА се омилена рекреација веројатно на сите. Соберете екипа, направете скара на ливада и играјте. Ногомет, кошарка, ракомет… Правилата нека бидат по лежерни, играта опуштена.
Целта е да се мрднете од фотељата и наместо утакмици на телевизија, заиграјте со своите најдобри пријатели на свеж воздух и добро раздвижете се.
Ова ква врста на рекерација обично е најчеста и се практикува на излет и при дружење со повеќе луѓе иако со топка може да играат и само двајца.
Во зависност од тоа кој спорт се практицира, во вежбањето учествуваат разни групи мускули а калориите се трошат во зависност од интензитетот на играта и должината на траењето.
Имајќи во предвид дека оваа рекреација се практицира на сончеви ливади, не ги заборавајте и кремите со заштиттен фактор капите кои ќе ви ги заштитат главите и многу течности затоа што веќе во април сонцето знае да биде јако и опасно.
ВОЗЕЊЕ РОЛЕРИ. Некои сакаат трчање, некои брзо одење ,а вас ви е омилено возењето на ролери? Загрејте ги мускулите, земете ги ролерите и штитниците и појдете по омилените патеки а подоцна истражете ѓи и новите патишта.
Од возењето ролери имаме повеќекратна корист; ве враќа во форма, ја вежба вашата равнотежа и посебно влијае на поедини мускулни групи (квадрицепси, стомачни, мускулите на задникот).
Облеката мора да ви биде удобна, откриените делови на телото да ви бидат заштитени со крема за сончање а на главата имајте капа. Не заборавајте да понесете течности кои ќе ве окрепат и Ipod со омилената музика која возењето ролери ќе ви го направи уште по омилено.
СЕКС е активност за сите вас на кои не ви допаѓа ништо од наведеното, но се уште живеете со старите или ви досадила куќата или станот па посакувате промена. Чувајте се од бубачки, тревки и од љубопитните погледи.
Да, чувајте се и од воспаление на мускулите…
ДЕЦАТА И СПОРТОТ. Календарското лето пристигна, време е за запишување на вашите деца во градинки и училишта, а со тоа и за избор на активности за слободното време со ко вашите најдраги ќе се занимаат.
Покрај многуте обврски кои ги имаат во училиштето , курсеви за странски јазици и клавир, ликовни работилници , спортските активности кои заедно ќе ги одберете мора да бидат неоптеретувачки, на кои дечињата ќе одат со радост, а која истовремно ќе ги ослободува од стресот, ќе делува на кичмата која е оптеретена со тешките школски торби и ќе ги учи да имаат натпреварувачки дух, тимска работа и пред се ќе им создаде навика да се занимаваат со спорт која ќе продолжи во текот на растењето ќе прерасне во дел од секојдневниот живот.
Градинките истотака имаат вон наставни активности, значи вашето дете не мора да оди во градинка за да го запиштете на одредена активност која се реализира во градинката. За деца постари од една година најчесто е тоа некоа гимнастика која го подпомага правилното растење и развивање ма телото и не помалку значајно допринесува на трошењето на вишокот енергиjа.
Децата на оваа возраст се уште не ги разбираат правилата на игрите но можат полека да учат зошто служи топката, како правилно да трчаат, како да се истегаат а сето тоа низ забава и игра.
Од неодамна и кај нас почнаа да се отвараат школи за спорт на најмладите кои ѓи водат професори по кинезиологија, а целта им е децата помеѓу една и две години да ги научат да ги препознаваат спортските дисцилини.
Тие не практикуваат тренирање на само еден спорт, туку комбинираат трчање, гиманстика, игри со топка за да децата да ја осознаат разликата помеѓу нив.
Децата сите дисциплини во главно ѓи развеселуваат, затоа што пред се запозанаваат со други деца а можат трчејќи да ја упоптребат целата своја енергиа.
Се учат на основниоте врсти на движења кои се препознатливи за поедини спортови, им се подобрува координацијата ,брзината , равнотежата и еластичноста. Децата уште од мали се учат на соработка , им расте самодовербата и стануваат по самостални.
Малку постарите предшколски деца ( помеѓу 4 и 6 години) можете да ги запишете во разни спортски клубови кои имаат програми прилагодени за таа возраст.Тие веќе ги препознаваат поедините спортови , знаат што им се допаѓа и знаат да ги изразат своите желби за тренирање на одреден спорт. Затоа е најдобро со детето да се отиде во спортска дворана, заедно да се одгледа тренинг и да се процени колкав интерес детето покажува кон одреден спорт.
Спортските педагози велат дека најдобро време за почеток со некоја спортска активност е помеѓу 6 и 11 година, но и до крајот на основното училиште за повеќето спортови не е доцна посебно ако се занимаваат рекреативно, а не професинално иако и за “професиналците “ може да се отпочне по касно со силна желба , многу тренинг и пред се талент.
Родители, најдобар совет е да го слушнете детето при одлуката со кои спорт сака да се занимава и да не ја форсирате својата желба и своите амбиции. Детето мора спортот да го прифати пред се како забава, прилика да си “ игра “ со своите врсници, да стекнува одредени вештини и да се учи на здрави животни навики.