Протеински колачи од кокос и ванила

Состојки:
– 1 протеинска мерица (25 гр) протеин од сурутка со вкус на ванила PRO WHEY SHAKE 700 gr
– 1 супена лажица кокосови снегулки
– 1 супена лажица кокосово брашно
– 50 мл млеко
– 30 грама стопено 85% темно чоколадо
Подготовка:
Сите состојки освен темното чоколадо замесете ги во тесто.
Темното чоколадо го топите во сад над пареа.
Потоа од тестото си правите форми по избор и ги прелевате колачите.
– Бидете креативни и по избор додадете бадеми, ореви, зачини, семиња или суво овошје.
Јадете ги како појадок или замена за оброк.
Хранливи вредности (за 3 средни колачиња)
Енергетска вредност: 212 калории
Протеини: 20.6 гр
Масти: 13 гр
Јаглехидрати: 8.8 гр.